Во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 21 Мај ( четврток) 10.00 часот - се одржа меѓународна конференција за значењето на „Употреба на кирилицата во интернет“. Присатни осем домаќинот директорот на Библитеката Филип Петровски (кој е нели и блогер) беа и Министрерот за информатичко општество Иво Ивановски, Амбасадорот на Бугарија во Македонија Михо Михов, Красимир Симонски заменик директор на бугарската агеннција за информатички технологии, представници на стопанските комори, уважени професори од катедрата за Македонски јазик, Директорката на институтот за Македонски јазик, представници од разни други средини, невладини организации, општини и министерства.
За нас е битно дека блогерите (Ментална Онанија, Археолошки дневник, Волан, Виолетова, Кими, Конзерватив) беа звезди на вториот дел на конференцијата, каде се покажаа виснтински познавачи не само на своите блогови каде креираат содржини на Македонски јазик туку и како познавачи на процесите кои се одвиваат на интернет а се поврзани со Македонски јазик.
Овдека ке кажам само неколку збора од тоа што јас го истакнав како проблем и потреба да се поработи за да Македонскиот јазик се извади од црната дупка на интернет.
- Министерството за информатичко општество да помогне во вметнување на Македонскиот јазик на листата на јазиците кои ги препознава Google машината за преводи. За ова пишував пред некој ден во мојот пост Македонскиот јазик е во црна дупка на светските интернет пребарувачи ... за истото пишувам неколку пати досега
- Во соработка со Министерството за образование да се вметне во наставните програми практично полнење на МК Википедија ... учениците и студентите да подготвуваат текстови а професорите и асистентите да ги контролираат пред објавување ... Да се предвидат награди за најуспешните полначи на МК Википедија ...
- Подигање на интернет изданијата на Нова Македонија во две фази ... во прва фаза како што го има направено Србија со подигањето на Политика ... а во втора фаза вметнување на пребарувач преку насловите на оделни важни текстови од Нова Македонија со кратко сиже т.е. клучни зборови кои ке ги најде пребарувач ... Тука може и библиотеката Браќа Миладиновци да најде своја улога, бидејки таа веќе прави подигање на многу важни книги на Македонски јазик ...
- “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МК КНИЖЕВНОСТ“
- Дигитални учебници ... е-Учебник ... е-Лектира ... е-Книга ... е-Буквар ... е-Боенки ... е-Игрици ...
- особено е битно историските теми како и темите поврзани со нашето културно наследство, поврзано со нашиот идентитет да се пишуваат и подигаат на интернет осем на Македонски и на Англиски јазик ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
Директорката на Институтот за Македонски јазик не искритикува дека на блоговите пишуваме на лош Македонски јазик ... рече дека 20 луѓе колку што се во институтот неможат да постигнат се .... дека деновиве ке отворат и интернет страна ... дека имаат многу напишано, но испадна дека од сето тоа многу малку можеме да најдеме на интернет ... толковни речници има три тома веќе исдадени но за жал ни еден нема на интернет ... луѓето љубат хартија ...
9.
Звезда на денот биѓе Красимир Симонски заменик директор на бугарската агеннција за информатички технологии, кој ни презентираше едно негово истражување врзано со употребата на Кирилицата ... но за жал и тој таа презентација ја нема качено на интернет а на мониторот ни ја презентираше на англиски ... но кажа многу корисни иницијативи кои ги водат во ЕУ ... се пофали дека Бугарија е заслужна заради воведувањето на кирилицата во ЕУ ... На крај ми падна на памет дека сите премолчавме дека Бугарија не ни го признава Македонскиот јазик ... иако сите се разбиравме меѓусебно и покрај присатниот симултан превод.
10.
Блогери на афтерпарти пијачка и муабет. Не можевме господинот во средина да го убедиме да стане блогер. Се разбира човекот работи во полиција :), а таму искажување на став може да биде погубно за кариера.
No comments:
Post a Comment