Search This Blog

Monday, May 04, 2009

Политичарите, бизнисмените и сопствениците на медиумите - закана за слободата во изразување во медиумите ...

http://www.freedomhouse.org/images/FoP/FoPMap2009.jpg
Freedom House и оваа година излезе со извештај за мерењето на слободата на печатот и новинарството во светот ... Она што нас не засега е дека Македонија бележи пад во споредбената листа на Freedom House каде сега завземаме 98 место со оценка 47 ... оценката е дека имаме “делумно слободни медиуми“ ...
Ако ги прашате новинарите тие за својата слобода на изразување во нивниот медиум, ке ви кажат дека е загрозена од политичарите, бизнисмените и сопствениците на медиумите ... немаат слобода на избор на темата, имаат автоцензура и цензура од уредникот ... а често заради некои написи се и тужени ... Судовите почнаа да носат пресуди со драконски казни против новинарите.
Денеска во 5 до 12 часот на Плоштад Македонија во Скопје новинарите, фоторепортерите, снимателите организирано преку Здужението на новинарите ке протестираат со мото „Пет минути громогласна тишина“. Симболично ќе го искажат незадоволството од сите видови притисоци со кои се соочуваат во својата ризична и стресна професија.
За тешење е дека вистинска слобода на медиумско изразување преостанува во интернетот како глобален медиум ...

1 comment:

Anonymous said...

Ne sum bas siguren sto podrazbiraat novinarite pod poimot sloboda na izrazot,ama covek moze da vidi eden ogromen spektar na biseri od sekakov vid,taka da ne bi se bas slozil vo taa nivna konstatacija,pa sekoj pisuva sto misli deka e najdobro(sto si saka) ..... taka da i normalno e nekoj i da snosi odgovornost za biserite ......

Blog Archive

Site Meter