Search This Blog

Loading...

Friday, May 22, 2009

Нова Македонија “позајмува“ мои фотографии ...

http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21694%20663/Bonsai.jpg

Во денешниот напис на Нова Македонија - Скопската бонсаи-градина идеално место за медитација новинарката Радмила Заревска за да го илустрира својот напис се послужила со една моја фотографија која ја објавив на мојот блог на постот Бонсаи градина - Скопје, кој го објавив на 24 Февруари, 2009 (види ја фотката во мојот пост под реден бро 6).

Повеќе »

http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21693%20663/muzej.jpg

Новинарката Бојана Стојчевска во вчерашното издание на Нова Македонија се има послужено повторно со моја фотка кога го илустрирала написот - Странците не можат да стигнат до Музејот Македонија ни со сателитско наведување ... Оваа фотка е преземена од мојот пост Карневалот, цар на Европа - Музеј на Македонија Скопје ... Carnival King of Europe - Museum of Macedonia Skopje ... фотката е на крај на мојот пост.

Да ме прашаше некој за дозвола да се објави моја фотографија во Нова Македонија сигурно ке дозволев со молба да го линкуваат изворот, вака се осеќам одкраднат. Еднаш двапати ке дозволев задради кејф дека се објавува моја фотка. Но ако на некого му се допаѓаат моите фотки а ги употребува во комерцијални цели редно е за нив да плати надоместок. Со самото тоа што никаде не сум навел никаква лиценца за заштита на мојот блог, правните норми велат дека моите фотки објавени на мојот блог се со тотално заштитени авторски права.

Втора година објавувам високо квалитетни фотографии на моите блогови за да послужат за уживање на моите читатели, но тоа не значи право весник кој го продава својот тираж бесплатно да позајвува мои фотографии.

Не немам намера да ги тужам - постов служи само за укажување.

3 comments:

Anonymous said...

Tuzi brat ich ne mu ja misli, dosta shlepanje na tugj grb.

Anonymous said...

Pa barem otposle da ti se javi zenskava .....

Anonymous said...

imas pravo da gi tuzis, a i treba da gi tuzis, za ednas da svatat deka ne treba da se kradat tugi trudovi, a posebno ako stanuva zbor za mediumska institucija toa e veke golem sram. Citam nova makedonija redovno, mozam da procitam cel vesnik (sto znaci deka za mene se onaka - dobri) megutoa imam primeteno deka stavaat sliki downloadirani od internet bez da navedat link za toa.
pozz

Blog Archive

Site Meter