Транзиционата историја на македонската држава е поврзана со период на уништување на колективната т.е. националната меморија. Се поаѓа од теоремата дека стопати повторена “лага/нова теорија“ треба да стане вистина. Се прашувам дали е тоа стихија или организиран процес на менување на делови од нашата национална историја. Не се работи само за процес на нагрдување и уништување на многуте споменици поврзани со предходниот систем, своевидна хулиганска лустрација на историските имиња и личности. Се работи за систематско уништување на колективната меморија во центри како што се архивата на Нова Македонија или во поново време архивата на МРТВ.
Нова Македонија во процесот на транзициона трансформација на сопственоста доживеа тотално уништување на архивата. Тоа истото сега се случува (или ке се случи ...) со архивата на МРТВ. Новите транзициони власти од медиумите направија само мегафони за нивните рејтинг потреби. Историјата, традицијата, културата се во процес на прилагодување на некои нови дефиниции во спрега со актуелните владеачки структури и партии.
No comments:
Post a Comment