Search This Blog

Loading...

Thursday, May 21, 2009

Кино Маџари ... Cinema Madzari ...

1.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/81Small-1.jpg?t=1242928533
Кино Маџари ... Cinema Madzari ...
Повеќе »
Скопската населбата Маџари има многу малку локации кои имаат мирис на патина и историја. Осем археолошкиот локалитет Тумба Маџари веројатно таков мирис има и зградата на некогашното “Кино Маџари“, предтоа старото школо Маџари. Бидејки локацијата е атрактивна, веднаш до главната улица која поминува низ Маџари, следната пренамена на оваа локација се плашам дека може да биде некој трговски комплекс од познатите приватни ланци за снабдување со прехранбени артикли.

Просурфав по интернет за оваа локација и пронајдов дека на иницијатива на локалната самоуправа сега одлично е среден дворот на некогашнот “Кино Маџари“. Една од намените која е планирана за оваа локација е сместување на свечена сала за венчавање. И денеска тука во месната канцеларија се организираат венчавки. Да подсетам во близина е Црквата Св.Спас (ке ја представам во неко иден пост).

Во многуте пренамени на овој објект кој изворно е зграда на основно училиште, потоа пренаменето во “Кино Маџари“. Пред извесно време тука во еден дел е организирана социјална кујна за овој дел на Скопје. Од разговор со неколкуте пензионери кои седеа на клупите во паркот пред зградата - дознав дека е некои моќни компании планираат во соработка со општинските власти да ја пренаменат оваа локација во некаков трговски центар. Ова значи рушење на оваа стара зграда која е полна со патина. Зградава не приметив дека е заштитена како споменик на културата. Мене лично ми изгледа многу подобра идејата да се модернизира салата за венчавање, да и се додели поголем простор, а во останатиот дел би организирал мал музеј на основните училишта од скопскиот округ. Можеби некаквов мал галериски простор фино би личел на ваква зграда.

Да не заборавам да додадам дека во дворот е сместен споменик на загинатите борци во текот на втората световна војна.
2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/82Small-1.jpg?t=1242928771
3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/83Small-1.jpg?t=1242928803
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/84Small-1.jpg?t=1242928852
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/85Small.jpg?t=1242928886
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/86Small.jpg?t=1242928928
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/87Small.jpg?t=1242928962
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/88Small.jpg?t=1242928989
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/810Small.jpg?t=1242929018
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/811Small.jpg?t=1242929052

No comments:

Blog Archive

Site Meter