Завчера одејки кон музејот на Македонија, каде сакав да присаствувам на отварањето на етно изложбата Карневалот, цар на Европа - Музеј на Македонија Скопје ... Carnival King of Europe - Museum of Macedonia Skopje ... Близу до Куршумли ан налетав на ова растегнато платно со слика на некогашната Казанџилер Џамија. Го сликав платното, како и остатоци од зидот на Казанџилер Џамија која заедно со Ѓулчилер амам е урнат во земјотресот од 1963-та и до ден денес не е обновен. Изгледа дека некој прави иницијатива за обновување и на оваа џамија, со што овој дел би добил целина и мирис на некогашното време.
- Казанџилер џамија била изградена во XVII век од страна на казанџискиот еснаф во Чаршијата. Таа била скромна и не многу угледна градба. Денес таа не постои, бидејќи е речиси целосно урната.
- Ѓулчилер (Шенгул) амам се наоѓал веднаш до југозападната страна на Куршумли ан. Тој бил единечен амам. Според податоците, тој бил подигнат од страна на Муследин хоџа во втората половина на XV век. Познат бил и под името “Кури амам” (“Сува бања”). Како амам служел се до катастрофалниот пожар во 1689 година. Овој објект речиси целосно беше разурнат за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, така што денес од него се зачувани само остатоци од ѕидовите.
No comments:
Post a Comment