За мене Втори Мај никојпат не бил ден кога се славело незнам што, што е поврзано со комунистичката идеологија ... за мене традиционалниот излетот во природа бил поврзуван со убавата дружба со децата, фамилијата, пријателите и комшиите - на некое блиско или подалечн излетничко место ... На овој ден секојпат го празнувавме прзаикот на дружењето во природа ... скара, ракиичка, марула салата мешана со варени јајца, младо кромитче - тоа се реквизитите на овој празник ... привиот фудбал на ливада во друштво на мажи, жени деца ... смеење и радост на животот ...
Се сеќавам дека во минатото заради ваквиот начин на празнување на Втори Мај многумина имаа проблеми - не било во склад со идиологијата на скромноста на празнувањето на Први Мај ...
Сарај на кривината, Матка, течението на Треска, Марков Манастир, падините на Водно, Многуте манастири и падини на Скопска Црна Гора, ... ливадите на Хиподром ... викендите на Охридско Езеро ... Тиквешко ... ливадите околу бањата Стрновац ... Прохор Пчињски ... тоа беа местата каде досега го славев празникот на животот и дружбата со пријателите и комшиите ... Политиката никојпат во тие времиња не беше тема ... тема беше песната, дружбата и животот ...
No comments:
Post a Comment