Search This Blog

Sunday, February 27, 2011

"Убиј го гласникот" ...

"Убиј го гласникот", рече Груевски, и цела Влада и пратениците на
Соб­ра­ни­е­то решија да го бојкотираат евроамбасадорот Ерван Фуере.
...
Е па Фуере излезе од фрижидерот. Ама Ма­ке­до­ни­ја ќе влезе во
фрижидер. Оти, ова што го направија со Фуере не е лошо ис­пра­ќа­ње на
...стариот амбасадор, во чие време добивме и кандидатски ста­тус и безвизен
режим. Тоа е лошо пречекување на нов амбасадор.

Saturday, February 26, 2011

Груевски каобајаги сака избори ... Црвенковски каобајаги несака избори ...

Се до одењето на Груевски во САД од каде срамно без заедничка прес конференција беше испратен, со различни соопштенија на Груевски и САД админстрацијата - за што се разговарало на двете средби, Груевски до средбата во САД не сакаше избори: Се сеќавате во Декември рече дека не е време за избори, туку време на реформи. Сега по средбите во САД одеднаш сака избори и тоа брзи, по можност утре.

Friday, February 25, 2011

ФЕЈСБУК СОЦИЈАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ЗАГРЕВ ...

http://www.kanal77.com.mk/portal/images/resized/images/stories/novo7/zagreb_200_200.jpeg
По примерот на арапските социјални револуции кои беа обилно организирани од интернет медиуми - особено Фејсбук, деновиве имаме нов таков обид во Хрватака.

Огледалце огледалце мое ... !!! Кој ке го крши огледалото по избори ...

Се чудев што ги снема анкетите, ама еве тука биле:
Огледалце огледалце мое ... !!!  Кој ке го крши огледалото по избори ...

Равноправност на избори ?!

Многу често сите сме во прилика да кажеме е нема паравда. Така иако изборите се ден кога правдата треба да бифде задоволена и ние граѓаните бирачите на тој ден треба да го делегираме нашиот глас во демократскиот модел кој ни се нуди на денот на избори, да одбереме партија или личност во која веруваме - за да не предводи во изборниот период.

Thursday, February 24, 2011

Со кого да се здружиме ?! ... Зошто на Македонија и требаат НАТО и ЕУ ...

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/05641BAD3B764D409EB1CDD4B57D9D36.jpg
Последните пет години власта иако на цела уста вели дека цел и е се НАТО и ЕУ интегративните процеси - практично наместо да се доближува кон нив имаме одалечување. Впрочем познато е дека сите соседи имат некаков проблем со нашето постоење. Има многумина кои се особено против влегувањето во НАТО (НАТО-скептици), а се побројни се и евроскептиците.

Wednesday, February 23, 2011

Спрдачење со Фуере ... представува спрдачење со ЕУ

 
Начинот на кој нашата власт се прости/простува со авторитетот и представникот на ЕУ во Македонија, говори за односот на Македонија кон ЕУ интеграциите. СРАМОТА/СКАНДАЛОЗНО/ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ. Во лицето на Фуере е представнкот на ЕУ. Со ова паднаа маските колку МК власт „посветено“ работи за ЕУ интегративниот процес ... и „желбата“да се доближиме до „Курвата Европа“ - како во неофицијалната комуникација се нарекува ЕУ ...

Tuesday, February 22, 2011

Груевски со треперлив глас вели - „Бранко ајде на избори !!“

По невообичаен молк Груевски со треперлив глас му се обрати на Бранко. Бранко ајде на избори. Го повика да дојде во собранието, да поработат заедно на изборниот закон по сугестиите на ОДИ и ОДХР за да потоа веднаш се распишат избори.

Што вети Груевски во САД ?

 
Ке остане мистерија посетата на Груевски во САД. Кои беа главните теми и што вети Груевски. Индикативно е дека немаше заеднички вообичаени прес конференции по одржаните состаноци на Груевски со Бајден и Клинтон. Зошто немаше такви пресови кои се вообичаени ако се било договорено. Очито е дека во одредени прашања Груевски сеуште има разлика со авторитетите на САД администрацијата. Тој преку своите мегафони кои ги поведе да известуваат за посетата се обиде да ни сервира проценти за што се разговарало. Кажа дека:

Sunday, February 20, 2011

Friday, February 18, 2011

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И СОЦИЈАЛНИТЕ РЕВОЛУЦИИ

http://image.dnevnik.hr/media/images///normal/Dec2008//60173578.jpg
Социјалните мрежи се идеално место за организирање на социјални револуции. Ова го покажаа поседните социјални револуции кои се одвиваат во афричките држави, во тек е слична во Иран. Во неколку обиди се организира социјални бунтови и во државичките кои произлегоа од бивша ЈУ. Пишував за успешниот пример на организирање на социјален бунт во Хрватакса, организиран преку Фејсбук. Брзо по ова Хрватска донесе закон во кој се регулира интернет издаваштвото, со што малку се намали моќта на слободно организирање на социјални протести преку социјалните мрежи.

Wednesday, February 16, 2011

За карактерот на типичниот Македонски гласач ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245
Наведната глава никој не ја сече. Мирољубивост. Синдром на Мирче, Трпче, Трајче ... Пет века турско, еден век бугарско, незнам точко колку е србското сигорно повеќе од еден век Македонецот е трениран послушно да слуша и моли за своите права. Ако има кавга се повлекува и чека некој друг да му ја заврши работата. Сето горе е добро познат синдром и на сегашниот МК гласач. Во современа Македонија неопределените гласачи вообичаено на избори гласаат против власта, демек да ја казнат, затоа што се незадоволени од неа. Ја казнува со тоа што не го дава својот глас на старата власт.

Tuesday, February 15, 2011

Независност на медиумите во светот па и во Македонија е само флоскула

Независност на медиумите во светот па и во Македонија е само флоскула. Медиумот во пазарни општества на пазарот излегува за да биде продаден, да се оствари профит од неговата продажба. Медиумот има сопственик/газда кој го издава за да од него извлече корист. Секоја власт па и нашава сака да има контрола на медиумите, од нив  да направи свои мегафони кои ке ги негираат тврдењата на противниците на власта и ке ги фалат „успесите“ на владеачката гарнитура ...

Monday, February 14, 2011

ЛОВ НА ГЛАСАЧОТ ... Лов во матно ... „матење на водата“

http://chicagoist.com/attachments/chicagoist_tim/04-05-09_Potholes.jpg 
Стар ловечки трик е кога сакаш да ловиш ако ловиш риба да ја заматиш водата, а ако ловиш на суво да ловиш во измаглица ...

Видео реставрација


Еден од ретките стручни лица за реставрација на скенирани фотографии се обидува и со стар филм ...

Friday, February 11, 2011

Керками Магистрираше

http://4.bp.blogspot.com/_Jmv4oU5K4LM/SjYD2H0_cCI/AAAAAAAAAW8/ki0QV-HXHik/s400/west_virginia_university.jpg
На универзитетот West Virginia University денеска керками магистрираше на одсекот за Computer Sciences бранејки тема со наслов: Feature modeling and cluster analysis of malicious Web traffic.
http://joefactor.files.wordpress.com/2009/05/west_virginia_university.jpg

ТРАНЗИЦИЈАТА КАКО КОНТРОЛИРАНА КРИЗА ...

Ушта малку љубилеј ке славиме во нашата транзиција, 20 години. Долг период  во кој може да се подвлечат резултатите од транзицијата. Стоиме на сите полиња во место особено во економијата - кратка дефиниција. Да ги подсетиме помладите како сето тоа почна.

Thursday, February 10, 2011

Систем против поединец ...

Се сеќавата на песната на Рибља Чорба „Правила, Правила да би те удавила или кичму савила ...“

Tuesday, February 08, 2011

Кога Обама намигнува ...

Македонците се возбудени а судиите киваат ... политичарите одобруваат ...
Блогерите се чудат и маваат сеир ...

Sunday, February 06, 2011

Wednesday, February 02, 2011

Hade & Molecular Structures - Heavy Breathing [Sunday Gateway LP]

Hade & Molecular Structures - Heavy Breathing [Sunday Gateway LP]

Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум


Драмендбејс продуцентот Хаде со бесплатен албум

Македонскиот драмнедбејс диџеј и продуцент Хаде, го издаде својот деби албум "Sunday Gateway" кој од денес бесплатно може да се симне на http://www.sendspace.com/file/4p58rz , веб магазин кој ја третира македонската и светска драменбејс и дабстеп сцена.

Албумот има 8 песни, две од нив во соработка со српскиот продуцент Molecular Structures, и е најава за претстојното и-пи на артистот кое треба да се појави во април годинава за реномираната македонска етикета "Филтер".
Според Хаде, албумот иако се разликува од песна до песна и тешко би се сврстил во било кој поджарн на драмендбејс музиката, сепак е целина со приказна која ќе и се допадне на клубската публика и сите почитувачи на драмендбејс музика.

Хаде е диџеј кој неколку години е активен на домашната драмендбејс сцена, а албумот е премиерно и официјално претставување на неговата продуцентска работа. (И.И)

Blog Archive

Site Meter