Search This Blog

Thursday, February 10, 2011

Систем против поединец ...

Се сеќавата на песната на Рибља Чорба „Правила, Правила да би те удавила или кичму савила ...“


Многу одавна луѓето (поединецот) се приморани да живеат во систем на правила кој ги измислил владарот за да го примора поединецот покорно да влезе во системот. Така покорен тој е приморан да влезе во системот на владарот т.е. владеачката гарнитура (најчесто фамилија) и да ги почитува правилата на владарот. Ова представува крај на владеењето на поединецот и прапочеток на владеењето на системот со поединецот. Тогаш во првите рудиментирани форми на владеење со поединецот се било повидливо. Постоел владар кој бил наследуван од неговата фамилија. Правилата биле јасни. Се било како што ке каже владарот. Се што ке уловиш мора да го поделиш со владарот. Една десетина (пример) од се што имаш делиш со владарот ... За да поминеш по патот му плаќаш на владарот ... За да работиш нешто бараш дозвола од владарот ...

Владарот за да владее со поединецот воведува систем на вооружени луѓе кои го чуваат и ги спроведуваат санкциите против оние кои не се покорни кон владарот. Историски во некој период доаѓаат да судат демек независните судии по системот „Кадија те тужи, Кадија те суди ..“. Териториите на владарот во историски услови стануваат држави. Владарот за и духовно да го покори поединецот воведува религиозна верба, која историски представува почеток на религиозно (духовно) покорување на поединецот. Владарот и водечот на религијата прават пакт за успешно да владеат со поединецот. 

Рудиментарните форми на покорување на поединецот во системот на власта не се многу изменети од почетоците до сега. Најважите форми на владеење на системот со поединецот се задржани до денеска. И денеска поединецот нема шанса во борба со системот. Сега само има божемни права на поединецот, божемни права за здружување и слично ...

Така е и во нашава држава, системот на партија на власт легитимно (ги бираме на избори) владее со сите поединци. Тие на избори ни ветуваат како ке владеат со нас и потоа легитимно владеат. Во текот на владеењето тие легитимно имаат право и да го менуваат системот на владеење, трудејки се правата на владарот да се зголемуват на штета на поединецот ...

Сето ова од авион се гледа. Што му останува на поединецот. Му останува да се вклучи во системот на владеачката партија и да биде среќен што го владее гарнитурата на власт или да се спротивстави на власта преку здружување или поединечно. Поединец против власта е изгубена битка. Здружувањето иако е законски легално и возможно - власта со сите средства што ги има на располагање го оневозможува. Применува дури и присила.

Кога сето ова ке се промени? Никојпат. Може ке се промени гарнитурата на власт во борба во која ке се жртвуваат многу поединци, но системот секојпат ке владее со поединецот. Власта е слатка и на секој нов поединец (или група) што ке дојде на власт ке му се уследи власта и ке почне автократски да владее ...

За да се промени владарот и власта најчесто имаме ситуации (најнови се ситуациите/немирите во афричките држави ...) кога власта ке се занесе и толку авторитарно ке владее со поединците што тие сето тоа не можат да го издржат и ке се здружат во бунт. Најчесто тогаш доаѓа до примена уличната демократија. Колку сето тоа е спонтано е друго прашање, за некое друго размислување ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter