Социјалните мрежи се идеално место за организирање на социјални револуции. Ова го покажаа поседните социјални револуции кои се одвиваат во афричките држави, во тек е слична во Иран. Во неколку обиди се организира социјални бунтови и во државичките кои произлегоа од бивша ЈУ. Пишував за успешниот пример на организирање на социјален бунт во Хрватакса, организиран преку Фејсбук. Брзо по ова Хрватска донесе закон во кој се регулира интернет издаваштвото, со што малку се намали моќта на слободно организирање на социјални протести преку социјалните мрежи.
Како е кај нас? На интернет прво почнаа активни да бидат форумите, блогерите и блогерската заедница го имаше својот момент додека блогерскиот простор не се загади со партијско присуство и организирано гушење на блоговите, преку вулгаризирање во коментарите. Фејсбук е најновата алатка која осем во светот се почесто се користи за успешно организирање на било какви средби и случувања. Се до последното собирање на Кале, кое беше организирано преку социјалните мрежи. Не е ова првпат протести и контрапротести да се организираат и преку социјалните мрежи. И моќните партијски штабови ги користат овие социјални алатки, за мобилизирање на оние кои не се нивни членови т.е. за рушење на организацијата на било кој протест преку вулганизирано коментирање во противничкиот табор ...
Ја слушам Министерката Јанкуловска со колкава доза на сериозност се заканува на оние кои се организатори на социјално здружување, неконтролирано од власта - се закани, со најстроги мерки на дисциплината ... Во ред ли е тоа да се ограничи со Устав правото на слободно здружување и изразување на вољата на одредена група. Јанкуловска и Министерството за Полиција преку својот специјален оддел за компјутерски и интернет криминал секојднево пишуваат писма до Фејсбук и другите хостери на социјални мрези да ги гаснат местата каде луѓето социјално се здружуваат. Самата рече дека сето тоа е скоро неможно, бидејки уште истиот момент се организираат нови десетици места каде се одвива здружувањето. Во Египет на пример за да се намали социјалното здружување во социјалната револуција против забеганата власт првата мерка беше укинување на интернет мрежата ...
Дефинитивно социјалните мрежи се идеално место за организирање на социјални бунтови против било кого. Власта се исплаши од сето ова и сега се организира како ова да го исконтролира или пак го стави во своја функција ...

- Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови
- МК блого.(втор дел) - политички и социолошки трендови
- Самопрочистување на МК блогерски простор ...
- ЈАС МЕДИУМ
- Изјава за А1 ... Интернет, блог, содржина ... МИСЛЕЊЕ/СТАВ ...
- Бугарски блогери - водат дебатни емисии на БГ телевизија ... “Видео Блог“
- Барањата на хрватските Фејсбукери ...
- Независност на медиумите во светот па и во Македонија е само флоскула
- "Нашата слобода зависи од слободата на медиумите која, ако се ограничи, ќе ја изгубиме" - Томас Џеферсон ...
No comments:
Post a Comment