Новите медиуми се предмет на Меѓународната конференција, која под покровителство на „Метаморфозис“ со работен наслов „Јас Медиум“ се фокусира на улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени. Конферецијата денес и утре се одржува во Холидеј Ин. Повеќе ».....
Дводневната конференција нуди неколку сесии во првиот ден и панел дискусија во вториот ден.
- Активно граѓанско учество преку новите медиуми
- Традиционалните наспроти новите медиуми
- Улогата на социјалните медиуми во локалната демократија
- Улогата на блоговите во политиката низ светот
- Демократија и транспарентност преку новите медиуми
- Улогата на локалните е-содржини во развојот на локалната демократија
- Социјални мрежи и револуции
Тука ке ја погледнете целата програма. Констатацијата од првиот ден е дека не само што се во криза традиционалните медиуми туку во криза се и алтернативните електронски медиуми. Јас би рекол дека се во криза на квантитет но дека квалитетот се зголемува. Беше истакнато дека традиционалните медиуми не најдоа начин како адекватно да ги вклучат новите медиуми - за да послужат како освежување на понудата на традиционалните медиуми. Во светот новите медиуми се многу поприсутни во традиционалните медиуми. Изнесен е податок дека во светот веќе 30 проценти од рекламите доаѓаат од интернет рекламирањето. Во нашиот случај од реклами медиумите живеат минимално, што е главната причина што нема побрз развој на електронските изданија во смисла на квантитет и квалитет на понудата.
- Меѓународна конференција “Јас медиум” - Сител сторија. Тука ке погледате и кратко видео.
- Меѓународна конференција “Јас медиум” - Кајгана
- Белешки од e-Society '09 - it.com.mk со богата фото сесија ...
No comments:
Post a Comment