Search This Blog

Friday, December 18, 2009

Повторно “позајмена“ фотографија, вез наведување на извор.

http://www.mia.com.mk/image1.jsp?slikaid=70066198 http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/stop%20za%20vizite%20%20angliski%20copy%20%28Medium%29.jpg
Клик на сликите за да ги видите изворите.
МИА за потребите на својот напис Од полноќ Македонците без визи во ЕУ користи постер кој го изработивме јас и мојот син графички дизајнер. Овој постер е дел од неколку постери кои со синот ги изеаботивме за потребите на студентските и младинските протести со кои се бараше укинување на визниот режим.          Повеќе ».....


Во правна држава ова дебело се наплатува. Кај нас не се сеќавам дека некој некого добил на суд за вакви прекршоци ... За крај ке цитирам што пишува најдолу на интернет страната на МИА:
Сите права се заштитени. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и
повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската Информативна Агенција.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.
Правен консултант и застапник: Адвокатска канцеларија Пешликоски.
МИА © 2008 • Македонска Информативна Агенција-МИА.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/MIAkrazbaSmall.jpg?t=1261215697

7 comments:

kirev said...

Сигурно и ти можеш да си го бараш истото право како што они ги навеле. Туку гледам и на сајтот на Адвокатската канцеларија има фотографии, баш ме интересира дали се со сите права...

А said...

Здраво колега. Сликата не знаев дека е твоја, мислев дека е на друг блогер пошто беше објавена таму, а немаше наведено извор. Еве види http://www.goran.dimitrovski.net/2008/12/visa-no-thanks/ освен ако не ти е син авторот на блогот, па јас без везе да шлампам. Беше ставена и на неколку други блогови исто без да линкаат кон тебе, а и на барем еден сајт, па сеа ти види колку е само до МИА. Позз

Photo Volan said...

Сето е преземено од една група за подршка која ја створив на Фејзбук.
http://www.facebook.com/album.php?aid=11442&id=1252516000#/group.php?gid=51675618635
Горан само преземел статија за добра цел. Единствено не линкувал ни тој како треба.

kirev said...

За МИА нема оправдание, барем да го навеле извоорот. За блогерите и не е толку важно, наши сме си, башка не прават пари.

Ама, можеби е крајно време на сите авторски трудови да се става Creative Commons лиценца за да се избегнат забуните и да се има посилна правна позиција во евентуални спорови.

Во секој случај, свиткај им писмо со сина коверта, рецепис, и кажи им дека твој труд е искористен без договор и без надокнада, и пред да си ги побараш правата на друг начин, сакаш со нив да видиш што ќе направат да ја оправат ситуацијата. Они тебе АПП, ти на нив АПП...

Photo Volan said...

Околу правата на блогот, ако немаш ништо наведено твојот блог е потолно заштитетн ...

Немам намера да се бавам со писма до државни институции - тие се заштитени ко мечки у шума.

На блогери и не се лутам - тие работат беспари, но треба да научат дека е поштелно да ликуваш извор а секој линк донесува поголема популарност на твојот напис и повисоко се вреднува на пребарувачите ...

kirev said...

Па ако државните институции немаат пари, кој има? Лани државата за малце не го претекна Т во рекламирањето, значи имаат пари...

Инаку се согласувам дека со чинот на создавање го имаш авторството, но CC лиценцата ќе ти помогне околку остварувањет и зачувувањето на тоа право. Твоја одлука во секој случај.

А said...

Не е оправддување ама мислата ми беше дека можеби МИА ја има превземено сликата од којзнае каде незнаејки дека е твоја, па не линкале. Можда мислеле дека е од кампањата и дека секој може да ја превзема. Убо би било да им пишеш па ќе видиш то ќе ти кажат можеби ќе ја поправат грешката. Инаку апсолутно те подржуам околу ставот за благородната карактеристика линкување :-) Поздрав

Blog Archive

Site Meter