Search This Blog

Saturday, December 05, 2009

Саат Кула - Куманово

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-1Small.jpg?t=1260032913
1. Саат Кула - Куманово     Повеќе »....

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/Small.jpg?t=1260033034
2.
21 град во средновековна Македонија имале свои Саат Кули. Меѓу нив се вбројува и СаатКулата во Куманово. Нема точни податоци кој и кога ја изградил Саат кулата во Куманово. По она сто го запишал Евлија Челебија, се знае дека постоела веке во втората полвина на 17 век, и дека се наоѓала во непосредна близина на Ески џамијата и Орта Бунар маалото, спроти денесна Пошта. Била срушена по ослободуванјето  за изградба на стамбена зграда.

Историјата на Саат кулите во Македонија е значајна заради фактот што туската управа ги воведува за да биде во тек со цивилизаторските придобивки, по углед на онаа во Лондон но највеќе од Пешта. Во Македонија најпознати Саат кули се наѓаат во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кратово. Има неколку помалку познати а сите останати се срушени во разни периоди и заради разни потреби. Таква е судбината и на Саат кулата во Куманово, срушена по 1945, за да на нејзино место се изгради станбена зграда. Слична судбина имаат саат кулите во Кичево, Струга и други МК градови.

Во старото градско јадро на Куманово при крајот на 19 век  биле создадени сите јавни објекти, карактеристични за тогашните ориентални чаршии. Во Орта бунар и Мехмедбеговото маало биле изградени: Саат кулата во ХVII век, Амамот, Медресата, повеќе текии, Татар Синан беговата џамија во 1532 година, и Јени џамијата во 1803 година. Во нејзина непосредна близина била Ќурчианата, потоа Безистенот и повеќе анови. Отаде потокот Серава, кој го делел градот на два дела,  била старата кумановска црква “Свети Никола”, изгредена во 1851 година на место малата црквичка, исто така со истото име, најверојатно присутна  уште пред доаѓање на Турците, а во втората половина на ХIХ век, кога пространата Тумба станала центар на градот , на кој како што рековме, пазареле сите, била изградена општинската куќа - Беледие, со аптека во долниот дел, и пошта во соседството, до убавите т.н. грчки куќи кај сегашниот Центар  за култура “Трајко Прокопиев”, потоа Солараските куќи  на Романовски сокак и сл
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-1Small-1.jpg?t=1260034732

Во продолжение ке ви ги прикажам сите слики до кои дојдов на разни начини од некогашната СаатКула во Куманово, се разбира осем онаа која е дадена најгоре во постот.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-11Small.jpg?t=1260035235
4.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-2Small.jpg?t=1260035289
5.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-4Small.jpg?t=1260035328
6.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-6Small.jpg?t=1260035372
7.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-5Large.jpg?t=1260035408
  1. Старата Локација на Саат кулата во Куманово
  2. Предлог нова локација
  3. Хотел Куманово
  4. Општина Куманово - Уред
  5. Пошта Куманово
  6. Џамија Куманово
  7. Ул 11 Октомври
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-7Small.jpg?t=1260035959
9.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-8Small.jpg?t=1260036011
10.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-9Small.jpg?t=1260036060
11.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-10Small.jpg?t=1260036102
12.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-10Small-1.jpg?t=1260036151
13.
Осем што секако градот Куманово под итно треба да ја обнови фасадата на целиот стар блок кој почнува со Хотел Куманово, точно наспроти градската управа - на горната слика давам прадлог каде евентуално да се возобнови Саат кулата во Куманово. Верувам дека за проектот ке се најдат спонзори. Куманово со тоа ке поврати малку од непотребно загубениот шмек со рушењето на така убава Саат кула. Новава кула е едитирана на местото на база на стара фотка која е прикажана и тука под реден број 6.

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-12Small.jpg?t=1260202728
14. Оваа фотка ми е доставена на меил накнадно и ја едитирам во постот.

No comments:

Blog Archive

Site Meter