Search This Blog

Thursday, December 17, 2009

ОРВЕЛ беше во право - Големиот и малиот брат се` гледа/прати ... внимавајте кои податоци ги давате на интернет

http://jadiburek.blog.com.mk/system/files?file=bugarski.jpg
Џорџ Орвел беше во право. Визионерски предвиде дека големиот брат се гледа/прати. На Орвел и неговата визија која секојдневно се потврдува се сетив денеска коментирајки на пост кај Јанко: Оваа страница е на бугарски, сакате превод?. Имено тој сакајки да ја поткрепи тезата дека наместо Македонски јазик, некој веројатно го хакнал Гоогле преведувачот и на Интернет, наместо Македонски јазик се вели дека оваа страница е на Бугарски јазик, иако очито е дека Вечер е на Македонски јазик - притоа прашувајки дали сакате превод.         Повеќе ».....
Ја погледнав сликата/те кои Јанко ни ги приложува за доказ и во еден момент подетално анализирајки ги сликите ја отворив душата на Јанко овоа утро во во 9 часот и 44 минути. Се сетив на еден муабет што го имав со Јанко дека ние на интернет даваме премноту лични податоци кои никој не ни ги бара, а можат да се искористат за разни цели. На постот оф топик му пуштив два коментара кои тука ке ги едитирам:
  • Оф топик ке ти ја анализирам оваа слика, која ја даваш како поткрепа на постот.
    1.- Ти или некој друг кој го користи овој компјутер е зависник од интернет игрици.
    2.- „Зависник си“ од RapidShere Ma ... ... веројатно за симнување на филмви и други видео материјали - сите знаат дека си филмоман ...
    3.- Го користиш Total kommander ... како добра и сигурна алатка за работа со повеќе дискови внатрешни и надворешни, веројатно е дека имаш повеќе хард дискови со голема меморија, никој веќе не користи ЦД ромови за чување на меморија, има дури и стикови со 50-сетина гигсови меморија ...
    4.- Го слушаш или си го слушал звукот на HardSoul - Self Religion (Believe In Me), т.е некоја друга песна од оваа група ...
    5. Омилени интернет страници кои најчесто ги посетуваш ти се:
    - On.net
    - IDIVIDI
    - твојот Facebuk профил
    - JADI BUREK - блогот
    - AC MILAN ONLINE
    - LiveScore
    - Katz Dawnloads - Rapi ...
    - Digimaknet - Македон...
    - Skopje - Weather curre...
    - На твојот браусер само што си пребарувал за “rottentommatoes
    - Моментално ги имаш отворено твоите омилени страници за проверка на пошта на Gmail - каде имаш сеуште само еден меил кој не си го прочитал ... твојата фејсвук страна ... On.net ... Вечер OnLine ... Serenity Blu Ray ri... The Imaginarium of... три негови страници кои ти биле понудени од пребарувачот, веројатно три филмови кои ги симнуваш ...
    ......................
    Значи ако сакаш некој да не ти гледа во твојата душа и да анализира со што се занимаваш другпат не давај вакви скриншотови ... еднаш кога бев твој гостин ти реков дека ние самите си даваме за себе премногу податоци на интернет - поради невнимание ... податоци кои подоцна може некој да ги злоупотреби ...
  • На оваа слика само додатно може да се види кој програм за обработка на фотографии го користиш Smiling
    Некојпат луѓе гледаа во филџан за да ти ја видат душата, денес се користат и други средства, затоа да не се чудиме што има толку многу луѓе што сакаат да влезат во туѓите компјутери. Компјутерскиот воaјеризам е наука ... Нема веќе тајни - се сеќаваш на филмот ... нема веќе заштитни кодови ...
    А кој ни гарантира дека производителите на хардверот и софтверот на нашите компјутери веќе не се влезени и во нашиот компјутер. Се сеќаваш порано се велеше дека во секој телефон има микрочип од кој си прислушкуван, во мобилниот имаат локатор за твојата моментална позиција, а те слушаат само ако ти е уклучена батеријата ... така беа убиени ненколку терористи ... денеска човек да се плаши да користи компјутер и интернет ...
    Орвел одавна сето ова го предвие ...
Значи не само што преку софтветрот и хардверот некој знае што се` ни се случува во секој момент, туку ние со нашето невнимание непотребно даваме премногу лични податоци за нас - кои потоа се злоупотребуваат. Сетете се колку е развиен криминалот со користење на туѓи кредитни картички ... Сетете се во колку филмови се случило на некого да му го украдат идентитетот и потоа да му го направат животот кошмар ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter