1. Автоматски инстантно преведена интернет страната на tanea.gr со помош на translate.google.com Повеќе ».....
2. Google Translate е алатка која е најзаслужна за зачувување малите јазици
Google Translate е алатка која по мене ке биде најзаслужна за зачувување малите јазици и нивните култури, кои се нападнати од моќниот англиски јазик. Денеска на интернет ако сакаш да прочиташ било кој јазик кој воопшто не го разбираш доволно е со неколку клика да добиеш релативно добар превод дури и на јазик кој е во групата на мали јазици како што е Македонскиот јазик.Со помош на Google Translate е овозможено не само да ја читаш изворната страна - туку ако кликнеш на некој линк од преведената страна тој новоотворениот линк истотака е автоматски инстантно преведен.
На првата слика гледаме дека е сега толку лесно и инстантно брзо да прочитаме што ни мислат Грците, Албанците, Бугарите, Србите нашите комшии - но можеме да видиме и што размислуваат луѓето таму далеку во Турција, Кина, Јапан, Русија, Индија т.е. било каде на светот читајки изворно на нивниот мајчин јазик ...
Google навистина го движи светот. Google т.е. Google Translate го направи светот вистинско поле на културен натпревар на народите без разлика дали се големи или мали .. Подолу ке ви дадам неколку скриншотови од весници кои до сега никојпат не можевме да ги прочитаме.
No comments:
Post a Comment