Search This Blog

Sunday, December 20, 2009

Рејтинг овојпат на Институтот Павел Шатев

Веројатно како реакција на две други рејтингувања кои деновиве добија место во јавноста,
  • Институтот за социјална демократија Прогрес, спроведена врз 1100 испитаници на 12 и 13 овој месец. Според нивните резултати, највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ 19 проценти, СДСМ 13, ДУИ 7, Обединети за Македонија 1,5, а Нова Демократија 1 процент. Со рејтинг под еден отсто се ЛДП, НСДП, ДОМ и СПМ.                  Повеќе ».....
  • по нарачка на “некоја амбасада“ Дневник и Утрински не известуваат за резултатите на овој рејтинг кој е спроведуван на 1601 испитаник. Од нив повеќе од 40 проценти не сакале да одговорат на прашањата - што би требало да значи дека на народот му се смучи од политика и рејтингување.

    - рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ паднал под 20 проценти
    - дека СДСМ добил неколку проценти поддршка повеќе од оние што досега ги имаше
    - Според оваа анкета, направена за потребите на една странска амбасада, веднаш по добивањето на извештајот на Европската комисија во октомври, ова е најслабиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ од времето пред парламентарните избори во 2006 година.
  • Драматичен пад на рејтингот на владејачката партија под 18 отсто“, објавува ударно Фокус. Оваа анкета била спроведена во ноември и според неа опозиционата СДСМ како и во претходно споменатата анкета на Националниот центар за интеграции, има рејтинг од 13 насто. Тоа е пораст за еден до два насто во однос на претходниот статус на партијата.
Институтот Павел Шатев, кој е формиран за потребите на ВмроДпмне (институтот Павел Шатев нема своја интернет страна) направил свое истражување за моменталниот рејтинг на партиите и политичарите. На прашањетоДоколку утре би се одржат парламентарни избори за кого би гласале“ - од вкупно анкетираните 1.112 испитаници
  • - за владејачката ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти,
    - за најголемата опозициска партија СДСМ би добила поддршка од 8,4 проценти од гласачите,
    - за ДУИ би гласале 7,1 процент,
    - за Нова Демократија 3,1, а
    - за ДПА 2,1.
    - под еден процент би добиле ДОМ и ЛДП односно 0,2 отсто,
    - како и СПМ, ВМРО-НП, НСДП и Обединети за Македонија со по 0,1 процент.
    - 24,3 проценти од испитаниците одговориле дека не знаат или пак немале одговор за кого би гласале,
    - 27,5 проценти не би гласале за ниту една политичка партија.
 На прашањето “во кој политичар имаат најголема доверба“:
  • - 26,1 процент од анкетираните граѓани го посочиле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски, а
    - 8,5 проценти најмногу му веруваат на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
    - Во Али Ахмети најголема доверба имаат 6,7 проценти,
    - во Имер Селмани, претседателот на Нова демократија 2,7,
    - а за првиот човек на ДПА Мендух Тачи 2 проценти од анкетираните.
    - не знаеле или не понудиле 16,7 проценти,
    - а 31,2 проценти рекле дека ниту еден од политичарите не ја ужива нивната доверба
    .
Резултатите на овие три анкети се со прилично голема разлика во процентите, иако тенденциите им се слични. Како беше она огледалце огледалце мое кажи на светот најубав кој е. Во една друга прилика напишав Плати ми, за да ти кажам колку си убав ....

No comments:

Blog Archive

Site Meter