Клик на сликата да го одгледате видеото.
Ја следев денешната емисијата на А2 “Студио 2 во 20“ каде гости на Чомовски му беа блогерите Кире Василев (не ну го знам блогот) и Ирена Цветковиќ - во блогерството попозната како Фемгерила. Еве линк од емисијата. Тема беше нивното истражување „Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови“. Повеќе ».....- Според истражувачите појавата на блоговите како нови медиуми ја отвори и можноста за нивна употреба од страна на политичките партии. Но факт е, како што стои во анализата, дека блог активностите на политичките субјекти се сведени на нивно онлајн претставување, но не и онлајн комуникација, што е и главниот заклучок по однос на употребата на блоговите од страна на политичките партии.
Осем гостите на Чом Кире Василев и Ирена Цветковиќ, во истражувањето биле вклучени уште и Александар Ковачевски и Александар Митров (не сум сигурен дека се блогери). Веројатно сево ова беше резултат и од една анкета која беше пуштана меѓу блогерите пред некои шест месеци. Е да, побарав можен линк од истражувањето на сајтот на нарачателот на истражувањето фондацијата Фридрих Еберт. Погодувате и таму нема линк од истражувањето. Истражувајки што ги поврзува имињата кои го правеле истражувањето интернетот ме одведе до Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“.
Би сакал да го видам истражувањето ако имате линк од него пуштите ми го во коментар.
No comments:
Post a Comment