Од друга страна имаме контунирана цифра на дознаки од печалбарски трансфери кои достигнуваат и до 1,4 милијарда долари годишно и со нив се покрива половина од трговскиот дефицит. Властите веројатно ке се зарадуваат на визната либерализација бидејки таа ке преставува сигурен пораст на сезонско диво вработување во Грција, Италија и други ЕУ држави, што пак значајно ке допринесе до посраст на дознаките од странство.
За да се утврди дали ваквите движења на иселеничките трансфери е константа - често се прават разни анкети и мерења. Во една таква анкета истражувањето покажа дека:
- Во периодот од 1993 до 2008 година износот на приватни парични трансфери од странство се зголемил за повеќе од 23 пати.
- Капиталот од приватни трансфери од странство за истиот период е речиси трипати поголем од нивото на директни странски инвестиции.
- Ова има многу позитивно влијание врз макроекономската стабилност и врз стабилноста на девизните резерви во земјата ...
- И покрај големиот број мигранти од земјава, чиј број според процените на истражувачите се движи од 400.000 до 500.000, само една третина од нив праќаат пари дома.
- Само половината ги праќаат парите преку агенции за трансфер на пари, банки и пошти, додека остатокот го испраќаат преку пријатели.
- Истражувањето покажало дека Македонци има во 35 земји на сите континенти. Најмногу емигрираат во Италија, каде што засега престојуваат 24,8 отсто од иселениците, по што следуваат САД, Швајцарија, Германија, Словенија, Канада и Австралија. Швајцарија и Германија се традиционално најпривлечни земји за мигрирање, а во последно време популарни се САД и Италија.
- Просечниот македонски мигрант го завршува своето образование дома пред да ја напушти земјата.
- Повеќето заминуваат во раните години, односно на возраст од 17 до 25 години, но голем е бројот и на нешто постарите, односно од 26 до 40 години.
- Најголемиот дел се со средно и основно образование, додека помалку имаат завршено факултет.
- Заработката е најчестата причина поради која одлучуваат да ја напуштат земјава, но голем дел заминуваат и за да се омажат или оженат, да бидат со семејството, да го продолжат образованието, а има и такви што „бегаат“ поради безбедносни и политички причини.
Осем што редовно праќаат пари за месечно трошење на оние кои останале дома, тие често се и главните градители на семејни куќи и купци на станови, со што се силен двигател на растот на економијата.
- Странски Инвестиции ... како стоиме во регионот ...
- Туристичка Влада ... Invest in Macedonia
- Климава клима за странси инвестиции во РМ ...
- СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ - трската е фрлена
- Странски инвестиции ...
- Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ...
- Зошто нема странски инвестиции
No comments:
Post a Comment