Колку Македонци се иселуваат годишно од Македонија ... и зошто ... Ако се земе како вистинит податокот од новинското истражување на Дневник - За една година во Италија заминале 15.000 Македонци ... Бранко Горѓевски ...
ке дојдеме до фрапантни податоци за иселување од Македонија кое не запира ... годишно Македонија губи по еден град ... зошто се иселуваат ... просто е заради невработеност и во потрага по својата животна шанса ... својот сон ... нели само еден живот имаме ... иселувањето е главната причина поради аплицирањето на огромниот број за БГ пасоши ...
- ИССЕЛУВАЊЕ ... и малку бројки ... идеалот на македонците особено младите во македонија е да заминат од Македонија и среќета да ја побарат во друга држава каде некој за своите граѓани обезбедил:
- Ред и поредок ...
- Систем на вредности ...
- Правила на играта ...
- Правда ...
- Слобода на движење во безбедносна смисла ...
- Слобода на движење на идеи и капитал ...
- Безбедност и рамноправност ...
- Социјален мир и правда (од платата да можеш да го истераш месецот ...) - Традицијата на иселувањето од Македонија е стара повеќе од стогодини ... Од многу одамна Македонија неможејки да обезбеди економска и социјална иднина за своите деца била земја на иселеници ... Колонии Македонсци има во далечната Америка ... Канада ... Австралија ... Германија и Скандинавските земји ...
- Долниот преглед на бројки е сумиран од сајтот на Агенција за Иселеници ... Првата колона е најголем регистриран број на иселеници ... Втората колона е последен регистриран број на иселеници ...
-
АФРИКА 78 78 АВСТРАЛИЈА 81898 81898 АВСТРИЈА 3607 3607 АЗИЈА 210 210 БЕЛГИЈА 10667 10667 БОСНА И ХЕРЦ. 1596 447 ВЕЛИКА БРИТ. 1284 1284 ДАНСКА 3147 3007 ХОЛАНДИЈА 1097 1091 ИТАЛИЈА 23106 23106 КАНАДА 31265 31265 СРБИЈА И Ц.Г. 47200 47200 НОВ ЗЕЛАНД 621 621 НОРВЕШКА 550 550 РУСИЈА 54 54 САД 43783 43783 СЛОВЕНИЈА 2611 109 ГЕРМАНИЈА 61105 42550 ТУРЦИЈА 139 139 ХОЛАНДИЈА 1091 1091 УКРАИНА 9 9 ШВЕДСКА 4872 3391 ШВАЈЦАРИЈА 53907 53907 ФИНСКА 163 163 ПОЛСКА 300 300 ОСТАНАТИ 100 100 Тотал 374460 350627 Ке пробам да најдам најнови податоци за бројот на нашите луѓе кои живеат во странство ... За крај сакам да кажам дека еден од елементите дали економските и социјалните политики во една држава се успешни е секако и индикаторот на бројот на иселениците ... т.е. доселениците ... Иселувањето од Македонија е процес кој е децениски, процес кој не успева никој да го запре ...
Во Македонија се вселуваат само Албанци од Косово и Албанија ... па и тие во последно време не ја сметаат МК за примамлива дестинација ...
1 comment:
Se custvuvame izbrkani od svojata tatkovina.
Post a Comment