Тиквата е пред се храна ... дедоми садеше тикви бидејки неговите животни ја обожаваа ... ја обожавав и јас кога баба ке испечеше тиква ... веднаш отога ке го извадеше лебот од фурната ...
Неколку луѓе, преку невладиниот сектор со подршка на градот Скопје од оваа година прават традиционална манифестација ... каде се прави трибут на тиквата ... која е одлична храна за бебиња ... некои велат дека е похранлива и од банана ...
- Постојат преку 700 видови тиква, а денес на нашите пазари често можат да се купат хокаидо тиквата (најдобра за печење), аргента (најслатка од тиквите, препознатлива по тоа што изгледа како огромна крушка), виоуна и уште по некој вид.
- Тиквата е едногодишна билка, која спаѓа во здрава и лековита храна. Науката докажала низ корисни состојки и во пулпата и во семките кои ги содржи.
- Семките често се користат и во исхраната и во народната медицина. Тие имаат околу 20 пати поголема калориска вредност од плодот, бидејќи содржат повеќе белковини, јагленохидрати и масти.
- Жолтото или портокалово месо на тиквата има околу 93 проценти вода, а остатокот го сочинуваат белковини, јагленохидрати, масти и низа витамини (каротин, провитамин А, Ц, витамин Б - Б1, Б2, Б3, Б6, потоа нијацин, фолна киселина и друго).
- Од минерални состојки богата е со калиум, фосфор, калциум, железо. Тука се и олигоелементите и микроелементите, пектини, целулоза и билни влакна.
- И покрај сето ова, енергетската вредност на тиквата не е висока: во 100 гр. плод има само околу 30 калории.
- Во народната медицина тиквата се препорачува како диуретик, особено на пациентите болни од реума, гихт, заболување на бубрезите и бешиката.
- На сите се препорачува варена или печена или, пак, во вид на свежо исцеден сок.
- За ублажување на болките од проширени вени, добро е свежата рендана тиква да се стави како облога на болното место.
Промоцијата на тиквата ке се одвива во Градскиот парк - Скопје утре на 18.Октомври.2008 година - кај Школката ... од 12-17 часот ... ке има и етномузика ... ке се делат рецепти за приготвување на храна од тиква ...
No comments:
Post a Comment