Search This Blog

Sunday, October 12, 2008

Како се прави “англиска трева“ .... “топла вода“ ... До кога бе ...

Сите се чудиме зошто во Англија и во западните земји Швајцарија на пример - расте фина “англиска трева“ ... и самиот задивен од убавината на англиската трева прашав еден англичанец - како се прави фина англиска трева ...

читај повеќе »

Се подзамисли малку и почна да ми раскажува ... наоѓаш празна ливада ... ја ораш ... ги кршиш грутките ... сееш семе од англиска трева ... потоа наводнуваш ... кога ке порастат првите 5 сантима ја шишаш ... повторно наводнуваш .. кога ке посрасне повторно петиот сантиметар повторно ја шишаш ... тој тука подзастана како да сакаше да каже дека е тоа целата приказна ... мене нешто не ми стана јасно дека е тоа толку просто и прашувам - “и потоа ...“ ... тој како да го чекаше ова подпрашање, сериозно ми вели ... потоа тоа го правиш сто години и така добиваш фина англиска трева ...

Што сакам да кажам со асоцијацијава ... ние стално имаме потреба да измислуваме “топла вода“ ... стално им веруваме на оние кои не убедуваат дека знаат нов систем како се топли водата ... сервијајки ни “нова“ рецептура за садење на англиска трева ...

Секоја власт кога ке дојде на власт - не убедува дека не ни чини системот ... го поминува времето во менувањето на системот, се до Уставот ... не сме ни свесни дека поминувајки го нивниот мандат ... системот не го допроменуваат ... топла вода не ни донесуваат ... на ливадите нема англиска трева ... ливадите не се ни изорани ...

Тие повторно не убедуваат ... премалку ни беше времето за да го смениме системот ... дајте ни уште еден мандат уште малку време ... и така се во круг ... резултатот е повторно нови луѓе - кои даваат нова рецептура за правење на англиска трева ... правење на топла вода ... затоа транзицијата ни трае 18 години ... вечност ...

До кога бе ...

2 comments:

Anonymous said...

(zadiven) ne biva sigurno mislis voshiten ,sto bi kazale mi Kumanovci.Pozdrav od Bagdad.

Photo Volan said...

куде па кумановац и македонски ... Таџи ваљда е у питање ... Багдад е мој град имам пројдено неколко године тамо ...

печете се гуштери ... :)

али нели интересно се суши веш ... тавиш га на жицу и кад завршиш - вратиш се на почетак да га сабереш ...

Blog Archive

Site Meter