Search This Blog

Monday, October 06, 2008

АЈВАР ... ми се пријаде ... а на Вас ... ајваријада во Кичево ...

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/C89096532D426A40B4D3E5E8F1565AF2.jpg

Во саботата бев љубезно поканет на ајваријада во Кичево, која се организираше во неделата ... која сега дознавам е проект подржан од УСАИД ... ама ја имало викендов и во Скопје ... Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук, настанот се организира со помош на Град Скопје и АгБиз Програмата на УСАИД. ...

читај повеќе »

Америте ја подржаваат локалната храна и рецептите кои осем како јадење се и еден вид социјализација и традиција ... барем 12 часа труд на цела фамилија а неретко и комшии ... Вечер пресметува во написот дека за едена тегла ајвар по рецептот на баба се трошат скоро 200 денари и тоа се без вреднување на трудот ... индустрискиот чинел напола ...

Америте велат дека вреди да се продолжува традицијата - иако испитувајки го ајварот не пронајдоа никава хранлива вреднст во него ... незнаат они дека е до вкусот ... лебот подобро оди со ајвар ... лебот и млечните производи се главната храна на Македонецот ... плус традиционалните летни или зимски јадења правени на база на компир, зелка, грав и незнам што друго ... сето тоа со трошка месо - колку да замириса ...

Нејќам ни да помислам дека идејата на владата забранувајки го користењето на дворните места за правење ајвар е да се укине печењето ајвар ... но вистина е дека по околните зелени површини оваа година не се печеше ајвар ... македонецот е мирен и послушен народ ... женатами направи мала тура на ригла по дома - колку за себап и еве сега се мезам со малку ајвар ставен на лепче и малку бело сирење наронето одозгора ...

Подолу се фотките од ајваријадата во Кичево ...

Горниве фотки од ајваријадата ми беа пратени на меил ... укажано ми беше дека ова е првпат ваков настан да се организира во Кичево ... дека кичевчанецот Ацо Спасеновски (Министерот за Земјоделие на РМ ...) ветил дека ке биде традиционален ...

Во Кичево овој ајвар кој се изложувал предходно се подготвувал во Богомила и сето имало натпреварувачки карактер ... сето се спремало по десетте најдобри рецепти од Македонија ... Победата ја однел рецептот на госпоѓе Гордана Руфчевска ... кичевчанка која живее во Скопје ...

Специфика на сето ова е учеството на студенти од дваесетина европски држави - во подготовка на ајварот, кои со ова се запознаваат со македонската традиција и начин на животот ... со МК кујна ... а веројатно и со МК млади луѓе ... На крај сите кажале дека вкусот е заносен ... изгледа во тоа е рецептата да се помучиш малкиу за да ти биде послатко ... секако сето ова зачинето со МК народна носија и изворна песна ...

Убав настан за почит кон кичевчанските организатори ...

1 comment:

Tomi said...

А тие 20тина странски студенти паднаа од небо во Богомила и Кичево за да прават ајвар?!
Никој нигде не ја спомна една од најактивните студентски организации, БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија), која беше ко-организатор на настанот..!
Срамота и за медиумите, и за ФФРМ која ја зема целата заслуга, а и финансиските сретства добиени од продажбата на ајварот.
Уште пожално е што, колку што слушам, и странците си отишле дома со по едвај 1 тегла ајвар секој, и тоа измолена на крај, иако активно пецае пиперки, лупеа, мелае и пржеа, за да го добијат финалниот производ!
Пак ќе кажам, срамота!

Blog Archive

Site Meter