Нимиц кој 15 години бара како да се викаме т.е. како другите да не нарекуваат во двојната формула нели ... кога тогаш ке мора да увиди - дека името за меѓународна употреба треба да ни биде “Banana republic of Macedonia“ ... изведено од тука народот “Banana Macedonians“ ...
Зошто ... Еве да видиме што представува “Банана Република“ ...
Банана република е пејоративен термин за мала, често латино-американска или карипска држава која е политички нестабилна, зависна од земјоделието и владеена од мала, богата и корумпирана клика која е на власт благодарение на поддршката, воена и економска, на САД. Во поширока смисла, терминот „банана република“ може да се примени надвор од назначениот регион за секоја земја чија надворешна и внатрешна политика е зависна од надворешни фактори.
- Дали ги исполнуваме условите од дефиницијата?
- Дали сме политички нестабилна држава ...
- Дали сме зависни од земјоделието ...
- Дали со нас владее мала и корумпирана клика ...
- Дали кај нас политичарите доаѓат на власт со воената и економската подршка на САД ...
- Дали сме зависни од надворешно-политичките фактори ...
Е да, ке заборавев - во скора иднина ке мора престолнината да ја селиме во Прилеп ... највеќе одговара на нашето ново име ... Па што и така тоа е нели седиште на нашето кралство, Кралството на Крале Марко ... ете и тој бил вазал на турците ... вазалството на Крале Марко одговара на сегашноста - нашето новокомпонирано “вазалство кон САД“ ... зошто да не најдеме наследник на Марко Крале - по принцип кој има најголема блискост со ДНК анализите ... тука имаме мал проблем ги немаме коските на Крале Марко кој погинал некаде во Далмација ли беше, каде ли беше ... веројатно сето тоа ке ни го среди “мафијата ни“ ...
1 comment:
A DALI IMAME NEKOJ POLITICAR-PRILEPCANEC,DA GO PROGLASIME ZA BANANA - MEN.
Post a Comment