Најголемите МК извозниц - МК челичани и Фени праќаат голем број на работници на принуден одмор ... Челичаните се погодени од новата регулатива на ЕУ - со која се предвидува строги критериуми при производството во Металургијата ... а Фени го погодува огромниот пад на цената на фероникелот на светските берзи ... и едните и другите секако се погодени и од високиот раст на цените на електричната енергија ...
Ако ова се поврзе со огромниот дефицит кој донекаде се ублажува со извозот на производите од МК металургија - тогаш е јасно зошто овие компании бараат помош од државата ... во однос на некакви олеснувања во даночната политика или евентуално стимулацијата на извозот ...
Владата тврди дека МК економија нема да ја погоди потресот на берзите во САД и светот ... други пак велат дека тоа не е можно, најмалку затоа што целиот износ од МК девизни резерви е вложен во странските банки кои пак можат да бидат погодени од крахот на берзите ...
Како и да е - ова не е добра вест за МК економија ... а од плата нели сите живееме ...
No comments:
Post a Comment