Search This Blog

Loading...

Friday, October 17, 2008

6 мил. нови садници ... на 29 октомври ... "Ден на дрвото - засади ја својата иднина!" ...

http://img81.imageshack.us/img81/2818/logotreedayns3.gif

"Ден на дрвото - засади ја својата иднина!"

читај повеќе »

На последната седница на владата која беше отворена за јавност ... директно пренесувана од ТВ - беше најавена нова акција за засадување на 6 милиони садници ... на 200 локации ... одвоени се 90 милиони денари - нешто помалку од 1.5 милиони евра ...

За идната година се планира акција во во пролет 12 март и во есен (во сличен термин како овој ...)... да се посадат по 6 милиони садници ... темпо кое се планира да се продолжи секоја година ... Поканети се Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и на Турција ... ќе дојдат на 29 октомври да ја следат акцијата ... на 12 март идната година, пошумувањето истовремено треба да се спроведе на целиот Балкани ... со што акцијата ке добие меѓународен карактер ...

Осем зимзелените растенија се планира да се садат и листопадните, особено дабови повеќегодишни садници ... Минатата година на акцијата излегоа нешто помалку од 200.000 граѓани ...

Она што недостасува во оваа акција е садење на повеќегодишни садници - кои полесно се фаќаат ... грижа за веќе посадените садници ... не прочитавме извештај колку од минатогодишните садници се прифатија ...

1 comment:

Anonymous said...

Decko, kolku i da se "fatat" pak ke bide pozitivno,nesto ke se zasadi,nesto ke se "fati",nesto ke odi jabana,no veruvam vtoriot obid ke bide mnogu,mnogu pouspesen.Akciive se zakon.

Blog Archive

Site Meter