Втора година по ред во Скопје непосредно покрај кејот се организира фестивал на виното “Вино-Скоп 2008“ ...
Сношти бев да снимам како Скопје тажи за Тоше ... Се изненадив дека некој не размислил за денот на почетокот на овогодишниот “Вино-Скоп 2008“ ... имено воопшто не беше вкусно на едно место да има два настани ... едниот траорен со палењето на свеќи и тажење по саканиот Тоше ... а другиот во принцип весел настан каде во виното се бара вистината ...а со виното оди веселбата и смејата, радоста ...
Бидејки бев присатен на плоштад сликав и дел од овој настан ... Преку педесетина винарии од МК и една од Истра ... во одлично организирана населба веднаш до камениот мост го славеја виното ... виното се славеше со прикладен џез ... Организацијата на настанот ми се виде на завидно ниво ...
Фестивалот на виното ке трае до недела ... љубителите на доброто вино нема да зажалат ако ги посетат штандовите ... Македонија е голем производител на вино и вакво нешто е добро да се организира и во Скопје - покрај традиционалниот тиквешки гроздобер ...
No comments:
Post a Comment