Од неколкугодишното пратење на сајтметар статистиката за посетеноста на мојот блог и воопшто за посетеноста на вкупната блогосфера - дојдов до заклучок дека посетеноста на блогосферата се зголемува за најмалку 20 проценти со поечокот на ученичката година ... и со нови 30 проценти со почетокот на студентската година ...
Денеска започна новата студијска година ... да видиме дали ке се потврди правилото ...
Има и друга тенденција ... Сабота, Недела и празник се намалува посетеноста на блогосферата најмалку за 30 проценти ... тоа потврдува дека 30 проценти од посетителите на блогот се вработени - кои дома немаат интернет ... или едноставно одмараат во викендите ... света недела ...
Не само читателите и оние кои пишуваат блогови се јасно поделени на млади, средношколци, студенти ... мал број на вработени ... луѓе кои поради природата на нивната работа блогот го користат како одмор, рекреација, празнење ... средната генерација дели многу мал процент ... пензионери, се разбира има најмалку на интернет ... тоа е заради техничката бариера која на пензионерите не им дозволува да користат компјутер и интернет ...
Во сезоната на долгиот учичишен и студентски распуст - посетеноста на блоговите видно опаѓа ...
Се разбира, во сите правила има исклучоци ...
No comments:
Post a Comment