Вчера пишав пост “Работи ли Уставниот суд ...“(досега нема ниеден коментар ...), во кој споманав дека од почетокот на оваа година егзизтира една неуставна законска одредба донесена во предвечерието на минатата нова година, на 29.12.2007 година ...
Кога со измена на Законот за изменување и дополнување на законот за данок на добивка ... се воведе нова категорија на данок “Данок на добивка“ ... која важеше само за малите даночни обврзници кои не надминуваат вкупен приход од 3.000.000 денари на годишно ниво ... а кои со оваа одлука плаќаат износ од 3 проценти од прикажаниот вкупен приход без разлика на нивниот остварен финасиски резултат ...
- На 24.Јаноари оваа година слободно можам да кажам дека прв ја покренав оваа тема со постот - Како Владата ке ќари 35 милиони евра од народот во Март ова година ... Каде потенцирав дека барем поради два основа овој закон е противустаен а тоа е заради ретроградното важење на законот и заради ставање во нерамноправна положба на стопанските субјекти ...
- Данок на вкупен приход ... 5 Февруари, 2008 - 14:49
- Данок на вкупен приход (трет дел) ... 12 Февруари, 2008 - 20:04
- Данок на вкупен приход (четврт дел) ... 14 Февруари, 2008 - 18:36
- Данок на вкупен приход (петти дел) ... 15 Февруари, 2008 - 15:02
Случајот дури и јас го подзаборавив ... имав информации дека едно време УЈП не издаваше решенија по новиот закон ... па потоа дека издала за некого решенија за за повеќето не ... за на крај како реакција на вчерашниот пост на другиот блог да ми кажат дека Уставниот суд коначно донел одлука да го УКИНЕ овој закон бидејки е ПРОТИВУСТАВЕН точно по двата основа како што наведов во моите стари постови ...
У.Број: 51/2008-0-1
Дата на Донесување: 09/17/2008
Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992) на седницата одржана на 17 септември 2008 година, донесе
Текст 1. СЕ ПОНИШТУВА член 20 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 160/2007).
- обврзниците за плаќање на различни даноци со оглед на различната природа на даноците што ги плаќаат се наоѓаат во различна положба, а уставното начело на еднаквост не обврзува во иста положба да се наоѓаат обврзниците на различни даноци туку само обврзниците на еден ист вид данок.
- Меѓутоа, со оспорениот член 20 од Законот, се пропишува дека одредбите од Главата VII-a Поедноставен даночен режим за трговските друштва од овој закон ќе се однесуваат и за 2007 година, односно ќе имаат ретроактивна примена. Тоа значи дека даночните обврзници, кои во текот на 2007 година работеле според прописите кои им давале право на избор на плаќање данок на добивка или плаќање на паушал, на крајот на годината, кога треба да се плати данокот, се доведени во ситуација да подлежат на обврска на плаќање на поинаков данок - данок на вкупен приход, кој може но и не мора да биде поповолен за даночните обврзници. ...
- Со оглед дека со оспорената одредба се предвидува повратно дејство на Законот кое не е поповолно за граѓаните, според Судот, ваквата регулатива значи правна несигурност за даночните обврзници и води до повреда на начелото на владеењето на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Воведувањето и плаќањето данок на вкупниот приход е легитимно и дозволиво само за идни, новонастанати ситуации по влегување во сила на законот со кој е воведен ваквиот данок и не може да се однесува на претходни состојби, особено кога за тој период важеле поинакви прописи.
И уште нешто зошто на Уставниот суд му требаат седум месеци да донесе одлука по вака лесно препознатлив противуставен закон ...
Имав уште неколку написи индиректно поврзани со темата на даноокот на вкупен приход:
- Стопанството по мерка на големите - особено странските инвеститори ...
- Државата прави се‘ да го собере данокот ... ...
- Фискална каша втор дел ...
- Даночна политика ... одговор до zidarski ...
- Големото и Малото стопанство - транзиционен историјат ...
2 comments:
Која реакција? Коментарот го напишав јас твој редовен читател од Битола. Редовно ги читам твоите постови и се зачудив како не си информиран за ова, а пишуваше доста многу на таа тема. Инаку во Битола во народот кружи информација дека Уставниот суд ги укинал измените на Законот за „патриотски“ сметки, но како што можеш да видиш такава одлука нема.
благодарам за твојот коментар ... пред да го пишам првиот пост за неактвиноста на уставниот суд ... проверив но не пронајдов одлука врзана за овој случај иако имав усни информации дека одлуката е донесена ... впрочем како и за патриотската фискализација ...
Post a Comment