Ова е одговор до зидарски на постот за Персонален данок на нерегистрираните земјодлци ...
zidarski ...
- најголем криминал во една држава е да го доведеш скоро половина од народот на работ на егзистенција ... а никој да не одговара ...
- половина од народот перманентно да го бркаш во други земји да си ја бара среќата (чинам и ти си еден од тие ...)
- да има криминална приватизација а никој да не одговара ...
- да го лажеш народот на избори дека ке му ги решиш егзистенционалните прашања а никој да не одговара ...
- да спроведуваш перманентно прибирање на разни ситни даноци и мудрости од народот а крупните зверки да пливаат мирно ...
- национализмот да ти е скриен превез како да го владееш народот ...
Бужетот го полни народот преку данокот кој го плаќа во повеќе слоја а НИКОЈ НЕ ВОДИ СМЕТКА КОЛКУ НАРОДОТ ИМА ТРОШОЦИ И ДАЛИ МОЖЕ ДА ГИ ПЛАТИ ДАНОЦИТЕ ... оние додатните од имот (кој е мал ...), и од други приходи кои се евидентираат (но не му се доволни на граѓаниот за основен живот ...) ... од патриотски фискални кои на никого не му вршат работа осем на компаниите производители на фискалните а блиски до власта ...
Рамниот данок е добар за големите а ги јаде малите ...
- на земјоделците данокот им го бараат уназад за три години ...
- така беше и со малите фирми ... пред оваа нова година - им се наметна „данок на вкупен приход“ уназад за една година ...
- ако си имал прилика да подржиш мотика барем два часа во животот - ќе ја разбереш селската мака ...
- така е со сите фирми кои плаќаат таканаречена фирмарина ... јадел не јадел ...
- данокот на имот кој оваа година е зголемен ... поради новиот начин на пресметка ...
- обавезниот откуп на дворните места ... во спротивно кирија за нив ... ова мора дури и становите да го платат ... да си купиш двор во зграда од сто стана ...
Во случајот се работи за данок на земјоделците кој им се бара уназад за три години ... како што се бара и од малите трговци оние по пазарите да регистрираат фирми и да се подјармат кај државната администрација - така се бара и од земјоделците ... но и кај едните и кај другите приходот е премал за да може да се издржи трошоот кој го прави евидентирањето пред државата ...
Зборот ми е дека државата со право бара граѓаните да ги плаќаат даноците ... но од друга страна не прифаќа одговорност за состојбата на своите граѓани ... ке речеш социјална помош ... таа е толкава за да ти покрие една супа дневно ... ич да не зборувам за платите на администрацијата да речеме тие се во просек нешто повеќе од 200 евра а трошоците за живот се 500 евра ... затоа луѓето кога ке дојдат (оние од странство ...) ни велат дека сме магионичари кога можеме да живееме со 200 евра месечно ... а трошоци од 500 евра минимум ... да не ги наведувам казните кон граѓаните за непочитување на сите прописи кои ги носи државата ... тие се со висини како во ЕУ но на наши плати и примања ... се спроведува политика на застрашување на народот и покорност ... види каде отидоа парите со последната распределба на буџетот ... 60 пати се зголеми буџетот на тајната полиција, а за 60 проценти е поголем вкупниот буџет на полицијата споредено со воената 2001 година ... кој бидејки е таен (оној за тајната полиција ... „сигурими“ наш ...) не знаеме и нема да дознаеме кај ке се потроши ....
Сега веројатно ја разбираш потребата од овој напис кој е континуитет на моето залагање за НОВА ДАНОЧНА ПОЛИТИКА каде ке се земе во предвид трошокот на секој граѓани во рамки на една фамилија и кога ке се спореди со приходите, ке се види дали има што да се оданочи или треба на човекот да му се доделува социјална помош - но не за една супа туку до нивото на минималната егзистенција ... тоа е моето залагање ... тоа е социјална граѓанска држава онаква како е предвидена во нашиот устав ... кога тоа ке се направи во една перманентно/континуирано десетгодишно залагање на владите на РМ ... потпомогнато сето и од ЕУ фондовите ... тогаш ке престанеме да мислиме за иселување ... а на наредот нема да му е гајле кој е од која националност ... туку ке суди према неговите лични способности и склоности ... а културата и историјата ке бидат само фолклор кој треба да се негува и запамети ...
No comments:
Post a Comment