Search This Blog

Friday, July 11, 2008

Џепчиште - Индустриска зона ...

http://www.renova.com.mk/images/gallery/Dzepcistestara.jpg

Најголем проблем во Македонија е недоволната вработеност ... но еве во Македонија имало места каде сите се вработени ... дури и увезуваат работна сила ... Се работи за Џепчиште ... село т.е. веќе мал гад со 4200 жители 760 куќи (65 се македонски ...) во близината на Тетово ... ФК Ренова е од Џепчиште а игра во првата фудбалска лига на Македонија ...

читај повеќе »

  • ...најмалку 100 вработени во џепчишките претпријатија секојдневно патуваат од Тетово, од вратничкиот и теаречкиот крај, од јегуновечките села или соседните Ратае, Жилче, Непроштено, Лешок ...
  • индустријата во Џепчиште е високо на прво место, истиснувајќи го земјоделството ...
  • Џепчиште има стотина жители со високо образование. Селото разви сопствена еколошка програма, формира културно-уметничко друштво и доби фудбалски прволигаш Ренова.
  • Претседателот на Советот на МЗ е избран на конкурс. Условите биле не само да е жител на селото туку да има високо образование, да ги знае двата јазика - македонски и албански, но и да работи на компјутер. ...
  • во Џепчиште нема работа само за оние што не сакаат да работат или за некои кои завршиле високо образование од општествените дејности ...
  • Џепчиште почна со индустриски развој непосредно по осамостојувањето на Македонија, кога почнаа да се враќаат помасовно џепчиштани и од просторите на поранешна Југославија, но и од западноевропските земји ...
  • првите фирми се појавија во градежништвото - изработка на материјали за градби, за ќерамиди, обработка на дрво во талпи, штици и натамошно финализирање, преработка на метали. Потоа и пластика, бои и лакови, опрема за индустрија, здравство, образование. Во земјоделството и производство на храна, а почетоците беа во откуп и преработка на месо и млеко, сокови, но и конзервирано земјоделско производство. Во земјоделството се пристапи селективно, да се произведува тоа што може да се откупи и пласира, да се преработи, а не се' и сешто ...
  • ... над 400 фирми во Џепчиште, со околу 1.000 вработени, а стотина „увезени“ од други населени места, интересен е „Грин продукт“. Снаодливиот сопственик се ориентирал на конзервирање земјоделски производи. Насер Зеќири произведува туршии и ги пласира на пазарите низ Европа
  • ... „Шпенди“ произведува инвентар за здравствени установи: кревети, носила, шкафови, затворени ормани за пренос на се' низ болниците. Деведесет проценти од производството, како што вели самиот, пласира во Австрија, Албанија и во Косово ...
Џепчиште увезува работници ...
  • Џепчиште е општински центар на шест други тетовски села кои се протегаат на патот Тетово - Јажинце. Таму никој не се жали за работа. Велат ја има во изобилие.
  • Во Општината се отворени над 100 мали и средни претпријатија, од кои половината се производствени капацитети. Тие произведуваат се и сешто, а преработуваат и месни, млечни и земјоделски прозиводи, кои се откупуваат од селаните. Производите се наменети за домашниот пазар, а најуспешните ги освојуваат и странските пазари. На прв план се соседите, но и западоевропскиот пазар.
  • Фирмата "Грин продукт" веќе подолго време продава конзервирани земјоделски производи во Германија. Она што е нетипично за рурални албански средини е дека оваа фирма сезонски вработува околу 40-тина жени.
  • Во овие фирми работат мештани, но егзистенција таму обезбедуваат и околу 300 работници од Тетово и околните села, како и околу 50-тина сезонски работници од Албанија.
  • Сопственици на фирмите се претежно печалбари, кои претежно работеле или се уште работат во западноевропските земји, кои стекнатиот капитал го инвестираат во родното село.
  • Брзиот економски развој на Џепчиште се должи и на посветеноста на населението кон образованието. "Нема куќа во која нема барем по еден член кој завршил високо образование и некој студент. Ако некогаш стариот аџија сон не го фаќаше зашто неговата внука сакаше да се школува, сега е поинаку, нема да го фати сон ако таа не успее да се запише на факултет. Многу се изменети приликите"
  • образованите луѓе не се срамат да копаат на нива, да чуваат добиток или да се зафатат за каква било физичка работа која ќе донесе некаква заработувачка. "Студентите и учениците за време на одморот работат за да покријат дел од трошоците за школување"
  • Шефки Идризи е сопственик на фирмата "Ренова", најуспешна во Џепчиште, која се занимава со производство на суви малтери. За успехот во бизнисот Идризи добил и меѓунардоно признание. Во 2002, БИД, меѓунардона организиација од Лондон, која го следи развојот на бизнисот во целиот свет, на Идризи му ја доделил првата награда Златен венец, како најуспешен стопанственик и менаџер на годината. ... "Кога се вратив од Шајцарија сонував да имам фирма во која ќе вработам уште 10 луѓе и да работам како мајстор за малтерисување, но сега имам фирма во која работат стотина работници", вели Идризи.... Тој во Македонија има купено уште неколку други фирми. Сега набрзо станал сопственик на тетовската кожарница, во која планира да врати на работа околу 100 работници, во Битола ја купил фирмата за кварц и перлит каде ќе вработи околу 50 работници. Идризи суви малтери прозведува и на Косово каде има изградено фабрика, а во фирмата Карбон од Загреб е сопственик на 30 насто од акциите.
  • Хаспласт е друга фирма што успешно работи во Џепчиште, која вработува девет работници. Фирмата прозиведува фолии во сите димензии и други најлонски производи. Сопственикот Таџедин Исмаили, дипломиран технолог, кој 20 години работел во Медицинска пластика во Тетово ...

Во Џепчиште никој не се жали дека е без работа ...

  • Во Џепчиште секој месец никнуваат фабрики, приватни фирми и други приватни иницијативи, затоа во Џепчиште нема невработени млади ...
  • „Грин продукт“, фабрика за конзервирање земјоделски производи.
  • Најголемиот број вработени се во мали фабрики, железарии, лимарии.
  • „Агромлин“, фабриките за пластика, најлон, дрво, лимарии, две млекарници, фабрика за термичко греење, фабрики за месо и месни производи.
  • Мермерниот комбинат е еден од поголемите капацитети во селото по „Ренова“.
  • Ренова“ е една од поголемите компании во Македонија, има 200 вработени, фабриката крши камен и произведува сув малтер и гипс. „Рофикс“ се занимава со иста дејност како и „Ренова“.
  • Фирмата „Алиу“ прави олуци.
  • Фабриката за метален мебел прави метални кревети по нарачка за болници во Австрија. Во новите погони работат десетина квалификувани бравари. - Произведуваме метални врати, столови, маси, шкафови.
  • фабрика за производство на најлон, која од поново време рециклира стар најлон.
  • Две млекарници откупуваат по 12.000 литри млеко дневно од сточарите од Џепчиште, а амбалажата за сирење и за другите млечни производи ја обезбедуваат од две минифабрики во селото.
  • Во Џепчиште 30 отсто од населението се занимава и со земјоделство, а има и 300 печалбари.

No comments:

Blog Archive

Site Meter