На денешната седница на собранието се разбира по итна постапка беа усвоени измени во законот за за надворешни работи - во правец на намалување на критериумите кој може да биде Амбасадор т.е. дипломатски представник на Македонија во странство ...
- МНР го намалува бројот на професионални дипломати-амбасадори - една четвртина, наместо две третини.
- во практика ќе значат дека во 33-те амбасади и 8-те постојани мисии на Република Македонија ќе треба да има најмалку 10 амбасадори-професионални дипломати. Досегашното законско решение, кои стапи на сила на 1-ви јануари 2007-ма, предвидуваше бројката на амбасадори–професионалци да изнесува 26 од вкупно 41 амбасадорска позиција во странство.
- Промените во членот 36 од законот предвидуваат и амбасадорите-професионалци наместо со највисоки да бидат само со високи звања во Министерството за надворешни работи ...
- Новина е и тоа што во иднина претседателот, чии ингеренции се најшироки токму во делот на надворешната политика, при секое испраќање специјален претставник ќе мора претходно да побара мислење од министерот за надворешни работи. ...
- Во иднина министерот нема да може да држи амбасадор на консултации на неопределено време.
- Се скратува и периодот потребен за добивање статус на дипломатско-конзуларен службеник. Наместо две, отсега со една година стаж во МНР ќе може да се полага дипломатскиот испит.
- Измените во законот поминаа со 62 гласа ЗА, без ниту еден ПРОТИВ.
No comments:
Post a Comment