Гледање на сеир е омилена “спортска“ дисциплина на македонецот ... штета што не е олиписка инаку таму ке имавме шанса за медал на престојната олимпијада ... Гелевски во својата колумна опсервира теми и слични ставови како моите ...
- Загрижува состојбата на демократијата во Република Македонија.
- Реално, слабеат сите можни сили и капацитети во општеството.
- Јакне само извршната власт, и тоа пред се' нејзините репресивни механизми.
- Не само што речиси е укината темелната демократска поделба на власта (на судска, законодавна и извршна), туку извршната власт атакува врз буквално сите сфери на општественото живеење.
- стандардот на услугите што го добиваат граѓаните од државата (здравство, образование итн.) драматично опаѓа
- власта сака да ги грабне и трошките од она малку власт и пари кои се' уште не се под нејзина контрола. ... локални власти или приватни пари ...
- неограничената власт метастазира неограничено ...
- државата јаде речиси половина од целокупниот бруто-пштествен производ на земјата и притоа не испорачува речиси никакви услуги за возврат. ...
- Граѓаните не сакаат да видат дека претстојнава сезона просечната плата со која располага едно македонско семејство (а има многу семејства и без таа една единствена плата) целата ќе отиде за комуналии (струја, вода, парно, ТВ, Интернет), за фиксните и мобилните телефони и за превоз. Нема храна, нема облека, нема хигиена, нема културни потреби, нема патувања ...
- и онаа друга половина од бруто-општествениот производ завршува во рацете на монополите кои, вака или онака, пак имаат дил со државата. ... граѓаните тука се во функција на живи зајаци, стаорци, телиња, волови и овци кои му се испорачуваат на питонот како девици на чудовиште ...
No comments:
Post a Comment