Незнам дали да го прогласам денот за тажен или радосен ... Имено денеска по двегодишни напосри керками доби америчка виза за студирање во West Virginia University ... се разбира предходно доби стипендија за мастер студии ... Две години траеше одисејата со припрамата за тамошното студирање ... ке се усовршува на компјутер сајанс во областа на програмирање преку учество во проекти ...
Доброто е што ке и се исполни желбата да студира во Америка, животен сон и е да го види Холивуд и Лос Ангелес ... Лошото е тоа што од Македонија во “еден правец“ си отиде уште еден мозок ... се надевам дека ке се врати да работи во некоја ЕУ држава ... поблиску до Македонија ... Од тука натака се зависи од нејзе и нејзините желби и можности ... Во Америка нема да биде сама - на три часа возење е внуката и внукот (од сестрами ...) који работат во Вашингтон ... малку подалеку е братми кој предава на државнот универзитет во Тексас ... На другиот крај на Америка околу езерата се чичкоми и тетками со целите фамилии ... но за мене е тоа предалеку ...
Бев во Америка и Канада не ми се допадна како живеат таму ... сепак ЕУ државите се подобар избор ако веќе мора да се бара работа надвор од Македонија ... Скандинавските држави се најдобар избор ...
1 comment:
Ристо доби ли виза?
Post a Comment