Неделава што одмина ке ја запаметиме по писмото на Груевски до Караманлис ... одговорот на писмото од Караманлис ... кое било препратено до и до ЕУ, САД и ООН ... сега имаме и ново писмо од Груевски до претседателот на Европската комисија Жозе Баросо ...
- „Генерално, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна повеќедецениска дискриминаторска политика, која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција“
- .. потребата од покренување на ова прашање сведочи и ставот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), која во својот Трет извештај за Грција ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница. ..
- ... на тие луѓе им се оневозможува враќање во својата земја, спротивно на членот 13 став 2 од Универзалната декларација за човекови права, членот 1 од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација и членот 14 од Европската конвенција за човекови права.
- Груевски од името на Владата апелира Баросо лично да се заложи за Грција доследно да ги исполни обврските од меѓународните инструменти за човековите права, особено во врска со слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа - правото на слободно движење и враќање во својата земја, како и неотуѓивото право на приватна сопственост.
No comments:
Post a Comment