Во светло на апсењето на Караџиќ, кое е очигледна трговија на раководството во Србија - за ЕУ интегративните процеси ... се прашувам, со што би можела Македонија да тргува во нашиот процес на ЕУ и НАТО интегративните процеси ...
- вакви крупни политички фигури кои се бараат со меѓународни потерници не се кријат во Македонија ...
- немаме ниту нафта ниту други енергенси ...
- немаме ни руди кои се котираат високо на светските берзи а би носело доволно примамлив профит ...
- немаме море ...
- крстопатот е само во нашите глави ...
- трговијата со името не е возможна ... не постои човек кој може да го убеди македонецот да си го смени името и идентитетот ...
No comments:
Post a Comment