На интернет наидов на оваа табела ... каде е изразен соодносот на бројот на вработените и оние кои примаат пензии ... интересно би било да се продолжи табелата до денешно време ... ако некој има податок за последните неколку години нека ми прати во коментар ... От табелата се гледа дека од 1991 година до 2003 година перманентно паѓа бројот на вработени лица во Македонија ... тоа е периодот кога се погреба МК економија ... во тој период без работа останаа скоро 220 иљади македонци ... за сметка на зголемување на бројот на пензионерите за 80.000 луѓе ...
Соодносот на вработени и пензионери од стартниот 3 према 1 ... опасно се доближува до сегашниот 1.3 према 1 ... тоа ниедна економија неможе да го издржи без поголеми ломови ...
Постов е продолжување на предходната тема: Вработување ... се намалил бројот на невработените ...
No comments:
Post a Comment