Последниве неколку години Македонија стана земја на високи казни ... велат така го доближуваме стандардот на казните на ЕУ - ги усогласуваме висината на казните, тука како оние во ЕУ ... Нема ден по медиумите да не се “рекламира“ казнувањето ... човек го фаќа страва на улица да излезе ... или недајбоже бизнис да отвори ...
Човек ако е малку понесовесен само додека да отиде на работа ке заработи казни од неколку стотина евра ... најчесто поради непочитување на сообраќајните прописи ... плус ако е пушач, башка несовесен граѓанин ... Сигурно е дека казната влијае на превоспитувањето на луѓето ... прашањет е што се прави со оние кои немат пари да ја платат казната ... што следи за нив - плењење на имот кој го немаат или затвор ??.
Од друга страна имаме вистински криминалци кои никој неможе да ги фати .. организирани кражби на кешовина од банки и штедилници ... колку случаи имаше а никој не е фатен ... дури ни одговорнте во јавните претпријатија не беа казнети ... имаме и местенки по тендери и крупни манипулации со државни имоти ... казни нема ...
Дали тоа во Македонија се казнува само граѓанинот за ситни престапи а крупнте риби пловат безбедно ?? Изгледа најлесно поминуват плитичарите ... тие заради лошата политика во својот период на владеење се казнуваат само со губење на власт ... дури и потоа највисоките политичари имаат период на платен одмор од година дена ...за да се снајдат ...
No comments:
Post a Comment