Search This Blog

Sunday, July 27, 2008

ГРУЕВСКИ ИМА КУКА ВО ГРЦJА ...

http://www.novamakedonija.com.mk/images/Editions/21378%20663/grujos-thumb.jpg http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/5809B19FC1927C4E9B903D39B3A92FD0.jpg

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/CBD089F945F61849AA1244BA982CCBCC.jpg http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/554290900895F743A741B3C204479CAB.jpg

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/5D12D03AC8808148B0714673A5816CC9.jpg

Ова (ГРУЕВСКИ ИМА КУКА ВО ГРЦJА ...) како коментар го има поставено некој мој анонимен читател кој таму се легитимирал како - grujos ... во посот Писмо од Груевски и до Баросо ... тука ке го пренесам коментарот:

читај повеќе »

Прво не можевме да поверуваме во она што ни го кажуваат жителите на селото Крушоради (Ахлада), Леринско, кога отидовме да ги посетиме за да видиме како живеат Македонците од Егејскиот дел.
- Дедото на премиерот Никола Груевски живееше тука. Таму му е куќата, тука живееше и тука е погребен. Зар не сте знаеле дека корените на премиерот се од Леринско - н* прашаа жителите на селото Крушоради (или Ахлада).
Отидовме да се увериме во она што на прв поглед ни изгледаше невозможно. Селото беше преубаво, чисто, тивко, обвиено во зеленило. Стигнавме до една куќа.
- Ова е втор братучед на премиерот Груевски. Се вика Спиро Николаидис – ни рекоа селаните, покажувајќи кон човекот што во дворот го миеше својот џип.
- Вистина ли е дека вие сте роднина со македонскиот премиер Никола Груевски - го прашавме.
- Да, вистина е – ни рече.
Не знаеше да зборува добро македонски, па разговорот го продолживме на англиски јазик. Ни објасни дека таткото на Груевски, Тало Груевски, живеел во селото Крушоради до неговата 9-та година. Потоа се преселил и сега живее во Скопје.
Дедото на Груевски, пак, Николас Грујос (или Коле Груевски) целиот живот го поминал во тоа село и таму е погребен. Се борел за грчката армија во војната меѓу Грција и Италија и загинал во 1939 година.
- Таткото на премиерот тука доаѓа секоја година, на 15 август. Јас никогаш не сум го видел Груевски овде, но ми кажаа дека дошол само еднаш, кога бил помлад. Нивната куќа сега е празна, па ние ја одржуваме – вели Спиро.
Не однесе на грбот на Николас Грујос за да се увериме во вистинитоста на она што го кажува. Голем споменик, напишан на грчки јазик се наоѓаше само на педесетина метри од куќата. На гробот пишува Николас Грујос.

grujos || 26 Јули, 2008 - 22:28

No comments:

Blog Archive

Site Meter