Деновиве се актуелни пензиите ... владата а никој друг ги покачи и тоа на првата седница на новата Влада на Груевски ... истрчаа сите министри за декор позади Груевски ... Груевски прочита Владата одлучи да ги зголеми пензиите ... и уште неколку реченици и толку првиот прес заврши ... наменски/тематски бил ... иако запрашан Груевски не ги удостои новинарите да им одговори на прашањата ... па и тие каде нашле среде лето да прашуваат - ке пишуваат оно што им го соопштува владата ...
Пензионерите се категорија на граѓани кои најревносно излегуваат на избори и отука секоја политичка партија која е на власт или опозиција се грижи за пензионерите и често им се обраќа ...
- Владата како некни едвај чека да се покачат пензите и да истрчаат и да речат еве ние мислиме на вас и на вашата тешка ситуација ... Ви ги покачуваме пензиите ... со секое покачување на пензијата владата ја пегла и социјалната неправда на големите разлики во пензиите ...
- Опозицијата секојпат вели: џабе се покачени пензиите кога инфлацијата е десет проценти а пензиите се покачени за осум ... реално со вашите пензии можете да купите за два проценти помалку производи во маркетите ... да не зборуваме што цела пензија нема да Ви стигне само за потрошувачката кочничка од 12.000 денари (храна и пијалоци ...), па вели, а аде се комуналиите, па за внучињата нешто , па за бања малку ...
- По изборите ако се смени власта песните се исти - само пејачите се различни ... позицијата ке се фали ... опозицијата ке напаѓа ... вечно исто ... но пензионерите ке има што да муабетат на клупа пред зграда или во блискиот парк ... додека маваат карти, табла, домино ... кибицираат ...
Еве како медиумите ја пренесуваат веста за пензиите:
- Не е политички маркетинг, Груевски се грижи за нас ... Вечер
- Пензиите зголемени за 5 до 8 насто ... Вест ... Усогласувањето на пензиите според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се врши 50 отсто според порастот на платите и 50 отсто според порастот на трошоците за живот. Со измените на Законот Владата може пензиите да ги зголеми и со одлука.
- Пензиите ќе се зголемат за пет до осум отсто ... Дневник ... Парите ќе бидат обезбедени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кој во последните години работи успешно и има пари за да ги покрие дополнителните трошоци.
- Здружението на пензионери го поздрави зголемувањето на пензиите ... Канал 5
- Пензионерите во август ќе добијат повисоки пензии за 5 до 8 отсто! ... Вечер ...
- Китење со законскиот процент за пензиите ... Утрински ... Според пресметките што ги побарал Сојузот од ПИОМ, покачувањето од 4,34 отсто е редовното покачување што се пресметува на секои шест месеци. Ова покачување е врз база на формулата - 50 отсто е од покачувањето на животните трошоци и 50 отсто е резултат на покачувањето на исплатените плати, што е зацртано со законските одредби, објаснуваат во Сојузот.
No comments:
Post a Comment