Неколку пати велам дека и во турско даночниците кога оделе да земаат данок прво оделе да видат како живее рајата ... ако живее добро немилосрдно си го наплаќала данокот ... но ако годината била лоша и немало приход турците ја оставале рајата да ја преживе годината ... за да можат идните години да имаат од кого да земат данок ...
Изгледа дека нашата Влада поминала и видела дека земјоделецот т.е. во случајот млекопроизводителите ептен живеат добро и решила - уназад за три години да го собере данокот кој млекопроизводителите не го платиле ... Сега владата чека ако се побунат масовно млекопроизводителите ке им „прости“ ... ако не ке си го земе она што кабинетски некој го испланирал ... како и во многу други случаи - од многу луѓе да земат по малку пари ...
Регистрирањето на земјоделците е важна карика на политиката на оваа Влада - тие сите помошти кои ги даваат во земјоделието ги условуваат со регистрирање на зејоделците ...
No comments:
Post a Comment