Целосна забрана за пушење во
- болниците,
- училиштата,
- канцелариите,
- железничките станици,
- аеродромите,
- автобусите,
- во сите ресторани и барови помали од 40 квадратни метри ... во поголемите ќе се пуши во специјално направени стаклени кабини со стол и пепелник ...
- забрана за палење цигара во сите јавни институции, а не само во одредени простории, како што беше уредено со истиот закон досега.
Законот ке го контролираат:
- Пазарниот инспекторат, ќе биде овластен за контрола на Законот за заштита од пушењето во објектите во кои се произведува и продава храна, како и во Интернет-кафулињата и во објектите кои не продаваат прехранбени производи.
- Надзорот во јавните и приватните здравствени установи, како и градинките и меѓународните превозни средства ќе биде под контрола на Санитарната инспекција,
- додека Државниот просветен инспекторат ќе контролира како се спроведува законот во јавните и во приватните училишта, ученичките и студентските домови.
- Трудовата инспекција, пак, ќе го контролира почитувањето на Законот за заштита од пушење во сите органи на државната и на локална управа, како и во јавните превозни средства, местата каде што се организираат спортски и културни настани - додаваат предлагачите на измените на законот.
Казни:
- Секое правно лице кое нема да го почитува законот ќе биде казнето со глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра, а
- иста казна ќе заработат и продавниците кои продаваат цигари на лица помали од 16 години и производителите на цигари кои нема да истакнат на кутиите дека пушењето е штетно за здравјето.
- Казна ќе заработат и оние кои јавно ќе го рекламираат тутунот и неговите производи.
- Покрај правниот субјект, казна во висина од 150 до 300 евра ќе заработи и одговорното лице.
- За граѓаните кои нема да го почитуваат законот се предвидува глоба во висина од 300 евра, а
- доколку биде фатен со цигара во објектот каде што е забрането пушењето, на самото место ќе биде казнет со 100 евра.
No comments:
Post a Comment