Search This Blog

Saturday, July 12, 2008

Macedonia and the Macedonians: A History, by Andrew Rossos ... Ендрју Росос (Андреја /Дико/ Рошовски)

http://media.hoover.org/images/RossosBookCover.jpg

Macedonia and the Macedonians: A History
by Andrew Rossos

клик на голрниот линк за онлајн верзија ...

читај повеќе »

ISBN: 978-0-8179-4881-8 $40.00 cloth
ISBN: 978-0-8179-4882-5 $25.00 paper
367 pages June 2008
  • првата објективна синтетична историја на Македонија и на Македонците во САД ...
  • кти сме, штт сме и зтшто сме тоа што сме ...
  • според едни, ние сме „чистокрвни антички Македонци“, директни „потомци на Филипа и Александра“, како што сметаа и современиците на Ѓорѓија Пулевски во половината на 19 век ...
  • а според други - дека сме „само Словени, дојдени во 6 и 7век од зад Карпатите ...
  • едни велат дека сме биле Грци, други дека имаме бугарски корени, трети дека имаме српска историја во средновековјето и една црква, а четврти дека сме новодојденци на историски албански територии...
  • се појавуваат и стари трабанти на туѓи идеологии дека сме само национално уште недиференцирани „славјани“ со препознатливи традиции што не го заслужуваат македонското историски потврдено име ...
  • Иако имаме шестдецениска историографија и шестотомна официјална историја со напластени историски публикации на македонски јазик, не успеваме да најдеме начини и средства преку надлежни институции и компетентни субјекти со разбирливи прости зборови да им кажат на заблудените: од кога и зошто сме - Македонци ...
  • Богатите библиотеки и дипломатски канцелари тежат од изданијата на нашите соседи на јазици разбирливи за нив. За жал, тешко наоѓате нешто од Македонија на европските јазици, па дури и книгите на македонски се реткост. ...
  • Во светлината на овие состојби појавата на една претенциозна објективна и аргументирана научна публикација за Македонија и македонскиот идентитет во издание на една од најпрестижните издавачки куќи во САД, како што е Хуверовата институција прес на Станфордскиот универзитет, претставува значаен придонес за македонската културно-национална афирмација во светот и за осознавањето на историските вистини за Македонија и Македонците, погледнати со окото и преточени низ сознанијата на еден од најкомпетентните историчари-македонолози. ...
  • Тоа што проф. Виктор Фридман од Чикашкиот универзитет во САД претставува во филологијата, славистиката и посебно во македонистиката, тоа е професорот на Универзитетот во Торонто во Канада Ендрју Росос во историските науки - за македонското минато и нашата сегашност. ... Неговата последна фундаментална книга „Macedonia and the Macedonians: A History“, објавена пред десетина дена во угледната едиција „Studies of nationalities“ во американскиот универзитетски центарСтанфорд,како561-ва публикација наХуверовата институција прес. ...
  • Ендрју Росос (Андреја /Дико/ Рошовски) е дете-бегалец (р. 1941) од костурското село В’мбел што во 1948 е сместен во детскиот дом во Соботин во Чешка, каде што го завршува основното образование, а техничка гимназија учи во Прага (1954-1957). Бидејќи татко му со двата сина и ќерката се преселува во Канада (1951), Андреја во 1958 им се приклучува и во Торонто ја довршува гимназијата. Ги завршува студиите по историја на Мичигенскиот универзитет во САД (1963), а магистрира и докторира (1971) на Универзитетот во Станфорд. Станува предавач (1967) на Катедрата по историја на познатиот Универзитет во Торонто и во 1982 е избран за редовен професор, каде што и денеска предава современа историја на Русија и на Источна и Централна Европа и темелно ги проучува руско-балканските врски и односи, чешката и словенската историја, а особено внимание посветува на проучувањето на балканските национализми, македонското прашање, историјата на Македонија и континуитетот во идентитетот на Македонците. ... идејќи ги владее балканските, словенските и главните европски јазици, врши темелни долгогодишни истражувања во архивите и библиотеките во Станфорд, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Прага, Виена, Рим, Белград, Софија, Солун, Атина и Скопје. Со интерес е покануван за предавања на разни универзитети, за соработка во меѓународни проекти и на разни конгреси и симпозиуми по светот и објавува многу цитирани истражувања во значајни зборници и во угледни списанија (American Historikal Review, Canadian Slavonic Papers, International Journal, East Central Europe, The Slavonic and East European Review, Slavic Review, University of Toronto Quarterly, Journal of Modern History, Гласник на ИНИ и др.). ...
  • Во 1981 год. во Торонто професорот Росос го објави обемното монографското истражување „Русија и Балканот: меѓубалканските ривалства и руската надворешна политика 1908-1914“ што постигна голем успех во научниот свет, па беше преведена и во загрепскиот „Глобус“ (1992), во која најави и посебна студија за македонското прашање и македонскиот идентитет. ....
  • И еве дниве ја добивме и таа одамна ветена обемна (на интернет многу рекламирана) монографија „Историја на Македонија и на Македонците“ (посветена „Во спомен на дедо ми Дичо и баба ми Софа“), во која на заинтересираниот корисник му се дава полна историја на земјата и на народот во Македонија - од Агреадското кралство во околу 600 г. п.н.е., па до распаѓањето на СФРЈ и независноста на Република Македонија и односите со соседите до 2004 (заедно со богати функционални белешки и исцрпна библиографија и индекси). Тоа е една многу сериозна и објективна научна елаборација што ни беше толку потребна денеска, како компетентна и непристрасно интонирана книга за подобро и поопфатно да не' запознае светот. Неа всушност треба да ја има и македонскиот читател - и за сопственото подобро самопознавање. ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter