Пљачка на бака - среде бел ден ... каобојски ... филмски грабеж ... Измени.
Се почесто имаме дрски грабежи на вистински разбојници на банки, пошти, поштари ... штедилници ... бензински пумпи ... цел се пари ... Незамисливо ми е во бел ден да го замислам Скопје и банката во која самиот одам често - да биде дрско филмски ограбена ... пред десетина дена чекајки во ред, во истата банка која е ограбена ... си замислував што би правел кога во тој момент би влегнале разбојници и би не натерале да полегнеме по земја/мермер де ... за десетина дена истата банка ја нападнале крадци по сценариото од мојата глава ... ги полегнале присатните клинети од банката (Стопанска банка Ново Лисиче ... до неа, од оскоро се отвори и филијала на Тутунска банка ...) ... земале 1.5 милиона денари (25.000 евра ...) ... на крадците пленот им бил “мал“ па ги опљачкале и присатните во банката заедно со документите ... и тука ќариле цирка иљада евра ... и ја дувнале ...
И сега што е следно ... пред тоа поштата во истата населба на двапати е ограбувана ... ке се реши ли некој ваков случај ... полициска станица има на 200 метри ... кој ке им го надокнади стравот и фрустрациите на граѓаните ... вработените во банката и на клиентите ... башка документите ...
клик на сликата да го видите случајот како го виде СИТЕЛ ...
No comments:
Post a Comment