Некаде по блоговите приметив пост или коментар на темата дека владата во овие закони кои ги носи под итна, брза и скратена постапка, вчера протурка измени на Закон за Работни односи ... со измените се кратат работнички права ...
- Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот потоа ги вратил на работа.
- ако работникот не сака да се врати на работното место, нема да добие ништо.
- работниците што не ги искористиле сите денови од годишниот одмор не може да побараат паричен надомест за нив.
- договорите за вработување на определено време да се продолжат од четири на пет години.
- право на годишен одмор се стекнува по шест месеци од основањето работен однос сега важи само за тие што првпат добиваат вработување.
- Според Синдикатот, Законот е сменет во итна и нетранспарентна постапка, без да бидат консултирани синдикалците и работодавците.
No comments:
Post a Comment