Search This Blog

Saturday, July 26, 2008

Закон за лобирање ... реакции на НВО-а та ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/44E3B973B4B3074798DF82FBF6B72203.jpg

Лобирање е посебен облик на придобивање на влијателните поединци или групи ... кои имаат формална или неформална моќ ... а се` со цел овие влијателни поединци или групи да се придобијат за да се протурка одредена цел ... да речеме да се донесе некој закон ...

читај повеќе »

За лобирање слушаме и гледаме од америчката кинематографија кога лобисти лобираат кај конгрсмени и сенатори да гласаат т.е. подржат одреден закон или декларација ... Лобирањето е моќно во америчката демократија, толку моќно што албанците преку лобирање успејаа да направат втора држава на албанците во Косово ... Во европските држави формалното лобирање не е толку застапено, особено не со закон каков пред некој ден донесе нашиот Парламент се разбира, со скратена и итна постапка ...

Иако во европските демократии уредувањето со закон на сверата на лобирање е направено само во Полска ... некој од постоечкото мнозинство мисли дека од законското уредување на лобирањето Македонија ке има некава корист ...

За мене Законот за Лобирање е тотално непотребен закон ... од проста причина што ние немаме Пратеници кои слободно мислат со своја глава ... тие се само послушници на партиите кои ги предложиле и удомиле во Парламентот ... и од нив очекуваат да бидат послушници и да не брануваат многу ... они служат само како пиуни со кои се играме и вежбаме демократија ... неретко пратениците се и трговска роба - кога поминуваат од опозиција во позиција заради остварување на своите цели ...

Не ми е јасно зошто толку се побуниа невладините организации, бидејки на нив со овој закон не им е ускратено правото да делуваат како и до сега соодветно на ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИТЕ ... Законот за лобирање не ја исклучува работата на граѓанските здруженија (популарно наречени НВО-а) ниту пак фондациите ... тоа е предвидено во член 23 од овој закон став три:

(3) Активностите на здруженијата на граѓани согласно став (1)
на овој член, кога се однесуваат на застапување на интересите на своите членови или на определени целни групи ако ги вршат без надоместок нема да се сметаат за лобирање согласно овој закон
. ...

Примедбите на најгласните граѓански здруженија и фондации ке ги најдете тука ... или јас довро не сум прочитал и разбрал или стравот на невладините организации и фондации е неоправдан ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter