Search This Blog

Thursday, March 30, 2017

Парламентарно reality show

Не гледам реалити шоу програми – бидејки тоа доведува до затупување на мојот ум. Во сите реалити шоуа има минимум правила, казните се парични или на крај има исклучувања од реалити играта. Во нашиот случај ние сме први во светот (ете за нешто сме први) - воведуваме во собранието реалити шоу од свечена седница  на собранието кога се бира Председател на собранието, протоколарно втор човек во државата. Првата седница тече со едно правило НЕМА ПРАВИЛА. Целта на инспираторот и организаторот на ова реалити шоу е да тече време во бескрај за да во лимбо ситуацијата кога водата е матна крупните риби некако се спасат. Но им нема лек особено не на крупните риби - тие први ке се фатат во изолационата мрежа која другите свесни и поголеми држави веќе ја поставуваат околу нас. Ако е ваква првата седница тогаш такви ке бидат сите наредни. Ни нема лек – ние не заслужуваме држава, немаме капацитет за тоа. Следува да се организираме во банди, да се испотепаме за да ја исчистиме оваа преубава територија што се вика Македонија. Тоа веројатно и следи. За да светот се спаси од ваква ЗАРАЗА ке мора да не ИЗОЛИРА и да најде начин поглавиците на бандите (клитоносците на заразата) и нивните главни помошници ги донесе пред меѓународен суд и им пресуди во правна процедура. Ние за тоа не сме способни и немаме капацитет за тоа.

Tuesday, March 28, 2017

Чуварите на тронот


Македонија не е монархија – но елементи на монархија гледаме во начинот на уредувањето на политичките партии, кои во своите статути имаат зацртано монархија (султан партии) наместо демократија во која се “колнат“.
На продолжетокот на конститутивната седница на новото парламентарно Собрание каде се бие собраниска битка (со дозвлолени собраниски методи, трикови и подметнувања) меѓу старата власт која сеуште ги држи сите полуги на власта (сосе државната каса) и најавеното ново парламентарно мнозинство кај најголемата партија која себе си се нарекува победничка на последните избори (поради најголемиот број на парламентарни мандати/столчиња) ПРВОТО СТОЛЧЕ каде седат избраниците на досегашната власт е празно. Забележав дека никој не смее ни да помисли да седне на него. Тронот (празното столче) е празен/о, но ЧУВАРИТЕ НА ТРОНОТ ја одработуваат задачата која ја добиле од “монархот“ (кој ете баш сега има поважна задача – пошол да бара милост кај сестринските партии, кои му имаат соопштено дека не го посакуваат во своето друштво за овој како и за последниот предходен состанок каде не го ни планирале, ниту очекувале – едноставно не сакат да се дружат повеќе со “монарх“ кој се представува за лажен демократ/патриот и кој целиот народ од каде доаѓа го има заробено во заробената држава од каде доаѓа).
Кои се чуварите на тронот, како се назначуваат и зошто служат? Чуварите на тронот лично се поставуваат од “монархот“ на заробената држава во квази демократските процеси кои се одвиваа како во партијата од каде доаѓа “монархот“ така и во самата заробена држава. Тие таму не се ставаат затоа што се “лични“ (што би рекла Гоца) – туку се поставаат за да послужат на целта кога ке бидат потребни по сигнал од “монархот“ да завршат работа онака како ке им дошепне оној кој таму ги поставил и назначил. Сеедно дали се тоа најдиректно назначени од самиот “монарх“ или се индиректно поставени од избраниците на монархот. Сите мора да се унисони и да ја пеат сложно песната која им е одредена дека може и треба да ја пејат (затоа и сите говорници кои ги слушаме не говорат од памет, туку најчесто читаат она што некој им го напишал). Значи се што е министер, директор или било каков јавен службеник се до председателот(п со мала буква) на државата ни, сите назначени судии и сите добро платени новинари мора да слушаат команда од еден центар назначен од “монархот“. Колку ли се само назначени (и добро платени) разноразни таканаречени независни државни тела и комисии (се бројат сигурно со иљадници) кои додатно се наградени за засилено да го чуваат тронот. Сите тие се педантно заведени во партијскиот тевтер на Гоца со име презиме и сите генералии. Сите се имаат заколнато дека верно ке му служат на “монархот“ кој сите нив ги плаќа од заедничката каса (не од сво џеб) на сите нас во заробената држава. Е сега во заробената држава неможе сите да работат кај “монархот“ и за “монархот“. Некои едноставно мораат само да плаќаат за оние одбраните да лешперат и се перчат со лесно заработените пари. Така доаѓаме до бројките 20 до 25 проценти од народот во нашата заробена држава го имаат подјармено останатиот народ во истата заробена држава и го работат како бавча со помош на вешто поставениот систем на “монархот“ кој во секое време ги држи сите конци на лутките (поданиците) во заробената држава.
Кога ке секне/заврши сета оваа луда игра. Оној момент кога некој ке му ја земе нашата заедничка каса на самопрогласениот “монарх“ од каде сето ова се финасира и плаќа – во истиот тој момент ке престане сета оваа луда игра во заробената држава. Ни мама на тате не дава за џабе.

Затоа немојте да се чудите на сите оние познати лица на интелектуалци, уметници, спортисти и останати “загрижени грѓани од протестите“ кои сите на своите изб(о)рани места гласно го бранат “тронот и монархот“. Тие само го слушаат божјото правило дека раката што те храни и милува несмее да се сече/исуши. 

Monday, March 27, 2017

СамоСпотер

Собранието на РМ е во сесија. Се бира најпрво комисија за избор и именување, за пота да се помине на избор на Председател на Собранието.

На сите ни беше јавно соопштено дека досегашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ке се труди да ги искористи сите политички средства и итрини да поминеме што повеќе време во оваа сегашна лимбо ситуација.  Во сегашниот политички момент ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата користејки ја моменталната ситуација да со седницата на Собранието на РМ раководи нивен кадар прават по мене опструкција и во меѓусебната спотер дискусија разговараат дискутираат меѓу себе за она што ги боли но најмалку за она што е на дневен ред на седницата. Со ова се надеваат дека само на оваа точка ке потрошат десетина дена од нашите животи. Тоа ке го прават на ваков начин за оваа седница уште за некои други ситуации – за да оваа точка од дневен ред се симне за едно месец дена. На сите треба да ни биде јасно дека ова сите мора да го поминеме. Кочењето на демократијата или сеедно практикувањето на демократијата ке ја гледаме во иднина за многу од точките кои ке дојдат на дневен ред. Но има едно правило од животот дека - кога ке упаднеш во кал колку повеќе мрдаш толку всушност побргу пропаѓаш и се давиш во калта. Не дека со ова ВМРО-ДПМНЕ ке успее да ја наметне својата политика и своите кадри да ги задржи на раководните места низ се и сешто во државата. Еден ден сите ке пропаднат во калта како што се руши кулата од карти. Дали калта и дупката ке бидат толку големи што во неа ке не повлечат сите нас е прашање кое заслужува одговор.

Thursday, March 16, 2017

Македонски Лавови ... Чиста Македонија


Историјата на специјалната единица Македонски Лавови (Единица за брза интервенција “Лавови“ – во состав на Македонската полиција)  се врзува за идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се препознава преку иконографијата со која се врзува оваа единица а и преку иницијаторите за нејзино оснивање и формирање. Историографијата вели дека оваа специјална единица е формирана со одлука на Македонската Влада во времето на воениот судир 2001 вата година. Поради повеќе причини оваа специјална едниница не заживеа (немаше за неа ниту одлука на Македонското собраие за оснивање – ниту потпис од председателот Трајковски ...). Но единицата во тоа време помина низ тренажен процес (повеќе иљади луѓе) и имаше бројност околу 1500 припадници. Дел од нивните активности во судирите во 2001-ва беа во обезбедувањето на тетовските села Жилче, Ратаје, Јегуновце со претежно македонско население. Меѓу последните активности на оваа единица во воениот вихор во 2001-вата е обезбедувањето на ископувањето на масовната гробница на 12 те киднапирани Македонци во селото Требош – притоа во заседа загинуваат троица припадници на Лавовите. Единицата е расформирана во 2003-тата година, дел од нејзиниот состав преминува во ЕБР (Единица за брзо распоредување). Од дел од членството на оваа единица се формира граѓанско здружение “Македонски лавови“ кое ги одбележува значајните датуми на оваа единца. Последно такво беше одбележувањето на 15 годишнината од формирањето на оваа единица во Април 2016-та. Постојат неколку видеа закачени на социјалните мрежи во кои се опејуваат Македонските лавови со зборовите: “Црни орли пак се спремат од високо само демнаат и чекаат секој момент да нападнат да те земат - не е веќе тоа време кој што сака да те земе, ке те бранат синовите јунаците лавовите. Македонски лавови ке те бранат секогаш да те земат душмани нема земјо никогаш. ...“. Заклетвата на оваа единица гласи “Господи чувај ме од зло и дај ми сила да го одбранам мојот дом мојот народ Мојата Македонија Амин!“. Најново е најавувањето на подржувачите на оваа единица дека тие сакаат повторно да се понудат со своите услуги на Македонскиот народ да ги брани – имено се најавува прес конференција на подржувачите на оваа единица дека во Недела на 26 Март 2017 ке одржат Прес конференција во Свети Николе.

Имаме позачестен повик за “Чиста Македонија“ (прогуглајте на интернет и ке дознаете кој и каде се се залага за Чиста Македонија). Таквите повици позачестија и на најновите протесити кои веќе втора недела контунуирано се случуваат низ Македонските градови. Повик за “Чиста Македонија“ упати и еден од членовите на Македонската академија. Ритамот на тапаните низ македонските протести можно е лесно да се претвори во ритам на воен/и конфликти во наша Македонија.

Monday, March 13, 2017

Балкан - На линија на огнот - Две балкански држави се пред распад – Геополитичка криза.

Последната изјави од ЕУ званичниците од последниот ЕУ самит беше констатацијата дека (Лајчак) две балкански држави се пред распад (се мисли на Босна и Македонија) и три балкански држави се во криза (Србија, Црна гора и Албанија). Ако на тоа ја додадеме изјавата на Кери пред некоја година (Февруари 2015) кога рече дека истиве балканки држави се на линија на огнот. Тука да го вклопиме и најновето предупредување на Могерини во Скопје - дека регионот влегува во геополитичка криза. На сето тоа мора да го додадеме и фактот дека се наоѓаме на Балкан каде во историјата најлесно се палат воените судири во кои се пролеава највеќе наша балканска крв.
Ако сето ова го знаат нашите политичари бидејки нели тоа им е работа – што(политичарите) треба да ни испорачаат на нас обичните граѓани за да во сите овие игри не изиграваме трева на која ке се играат слоновите, бидејки ако до тоа дојде од нас ке остане едно големо ништо. Наместо низ дијалог да ја смируваат ситуацијата тие без здрава памет пробуваат малата бистра вода од изворот на стабилноста во нашата држава да ја навртуват на својата воденица. До пред извесно време едните водеа народ низ улиците на Македонија и го пропагираа својот став (својата вистина) сега имаме ситуација на улица да излезат другите и да го пропагираат својот став (својата вистина). Наместо тоа да го прават во институциите на системот - тие институциите ги уништуваат и ни ја нудат (наместо демократските придобивки и методи) само улицата како опција каде може да ги слушнеме нивните екстремистички ставови и размислувања. Немаме Собрание (не е докрај конституирано), немаме Влада (оваа која ја имаме е само привремена која требаше да трае до завршетокот на изборите), судството ни е уништено (од корумпираните избори на судиите и разните местенки кои таму се случуваат), немаме Претседател како татко на нацијата (сегашниот Претседател нема капацитет ниту воља да биде обединител), немаме здрави политички партии и политичари (сегашниве се само таканаречени султан партии и султани), немаме независно новинарсство и новинари (сегашниве се само нечии наемници/платеници) – за на крај да констатираме дека немаме демократија (сега се случуваат најретроградните процеси на гушење на демократијата, преку гушење на правото на политичките избраници да ги користат демократските средства и методи кои треба да им стојат на располагање). Уставот кој треба да ни биде алфа и омега сите го кршат и тумачат, повикувајки се на него.
Од итро етнички судир сега топката се пребацува на полето на етнички судир/и кои знаеме дека имаат капацитет да прераснат во крвави сценарија – едно такво имавме во 2001-вата.
Што ни останува на нас обичните граѓани кои не се заинтересирани премногу да се вбројат ниту во едните ниту во другите ниту во третите редови (стада). Од сите директни учесници имаме повик да им се приклучиме во нивната борба и пропаганда за нивната вистина.

Нас ни останува да бидеме претпазливи, паметни и трпеливи. Да ослушнуваме, слушаме и чекаме да се дигне маглата, да бегаме од матната вода и матните сценарија за да не не зафати вителот и жарот на огнот кој сите го расплантуваат. Да бидеме мудри.

Thursday, March 09, 2017

Изолација

Сите очекуваме да ја дознаеме тактиката и наредните чекори на меѓународната заедница во однос на ново настанатата политичка ситуација во нашата држава. Што би рекол нашиот сегашнен Председател на РМ, дека тој има начини да дознае се` што се случува во нашата држава и одтаму може да предложи мерки во рамките на своите надлежности да се справи со заканите по демократските процеси во нашата држава. Ако Претседателот Иванов има начин да дознае се – таква можност да дознаат се што се случува во нашата држава имаат сите земји на кои Председателот Иванов им пиша писмо. Кај нас прислушуваните разговори се прогласија за невалидни докази во судските постапки, бидејки до нив се дошло по нелегален пат – тоа не ги обврзува странските дипломати да ги преслушаат разговорите со предходно испитување дали се сечени лепени и монтирани и од нив да створат слика за наштите представници на највисоките државни институции. Нивната најнова досегашна дипломатска реакција беше содржена во апелите кон Иванов да се премисли и да не ги кочи демократските процеси. Пратија и специјални представници кои додатно ги убедуваат политичките чинители во нашата држава дека незамисливо е кочењето на демократските процеси.
Кои би биле натамошните чекори на нашите стратешки партнери ЕУ и САД? Тие ке почекаат уште некој ден и кога ке видат дека апелите не вродуваат со плод ке поминат кон изолација, исто како што се поставува према одредени подрачја во кои ке се прогласи епидемија. Прашање е дали ке одат во изолација на поединците кои ги кочат демократските процеси (носителите на заразата) или изолација кон нас како граѓани. Кои ке бидат конкретните мерки за изолација према поединци од нашата држава или према целата држава ке разбереме деновиве.

Некои од актуелните политичари се веќе изолирани. Денеска на пример разбрав дека партијата ВМРО-ДПМНЕ не е поканета на последната средба на народните европски партии. Досега со особена гордост лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даваше изјави за што се договарале при средбите на ЕПП (EPP European People`s Party ) и дека од ИПП добива подршка за своите политики. 

Tuesday, March 07, 2017

Македонска крвава свадба.


Во нашиод код и меморија е драмата “Македонска крвава свадба“ (Војдан Чернодрински). Се плашам разните сценаристи од денешницата да не го искористат ова драмско сценарио за да ја заплеткаат сегашноста во крваво сценарио и пир. Сетите се дека етничкиот крвав судир во Босна почна со убиствата на младиот брачен пар на мостот над Миљацка - брзо по нивната венчавка. Сегашниве сценаристи наши и странски секојдневно се обидуваат да го наметнат својот поглед на светот и кога нешто не им одговара прават таканаречени “контролирани нереди“ за да од тоа политички профитираат. По нашите градови тече река народ која е уверена дека со мирните протести ке го сочува ткивото на македонизмот, преку заложбите за сочувување на унитарнота на државата, територијалниот интегритет, идентитетот, Македонскиот јазик и името Македонско. Во ситуација сме кога немаме Собрание во полн капацитет, Владата ни е изборна, судството е такво каво е и многу лесно ке се направи голем неред во евентуалниот крвав пир – ако некој посакува такво сценарио. За релативно мала пара на светскиот пазар на убијците ке најмиш професионален убиец кој ке цели во жива мета. Пари и мотиви да сторат такво нешто во Македонија имаат многумина. Плукањето и заканувањето на младите тројки (кои деновите ги видовме во акција) е само детска игра со која можеби некој се обидува да дознае какви би можеле да бидат реакциите. Но крвав пир е нешто друго.

Friday, March 03, 2017

Заканите врз најновите демократските процеси станаа јавни.

На една телевизија во интервју еден бивш пратеник го најави сценариото како “граѓаните“ кои демек ја бранат унитарноста на Македонија јавно објавува со кое сценарио ке го брани/ат сегашниот состав на избраните пратеници да влезат во зградата на МК Собрание. Тој во својата изјава на телевизија со национална фрекфенција објави/најави/рече дека (парафразирам) “ке ги пуштат легално избраните пратеници слободно да влезат во зградата само ако влезат во него да се самораспуштат ...“. Имаме ли ние Јавно обвинителство. 

Thursday, March 02, 2017

Балканска тиња ... гените ни се криви

Нашата држава е во срцето на балканскиот географски предел, јужно од Сава и Дунав се до Босфор. Етимошки гледано името Балкан е поврзано со навлегувањето на Турците на овие простори и најчессто се поврзува со турскиот збоор „Balkan“ што во превод значи „ланец на планински шуми“. Некои теории турскиот назив за „Balkan“ го врзуваат со кованица на турските зборови  „бал“-мед и „кан“-крв. Некои други умни глави синонимот Балкан го врзуваат со старо италијанскиот бог Вулкан - Vulcanus (богот на огинот). Пред турската инвазија и создавањето на Отоманската Империја, Балканот во грчките и римските извори е наречен „полуостров Хема (Hema)“, а балканскиот планинскиот венец – „Планини Хем“. Во грчката митологија, тракиски крал Хем е син на Бореас (Бореј) – северниот ветер. Тој е суетен, арогантен и себе си и својата жена Родопа ги споредил со Зевс и Хера. За казна, боговите го претвориле брачниот пар во планини. Во грчките легенди планините се нарекуваат Хем по битката на Зевс со змијата Тифон. Во борбата со змијата која фрлала цели планини Зевс се бранел со своите молњи. Во жарот на борбата од планините потекнала крв која на грчки се изговара како “хем“ и одтогаш планините станале “крвави“ т.е. “хемски“. Ако погледнеме во бугарските теории за етимологијата на називот Балкан ке дознаеме дека тие коренот на зборот го врзуваат со келтско потекло - изведено од зборовите  бал (х) кан што во превод би значело големата мајка.  Во поновата западна терминологија - кога ке се слушне зборот Балкан тој се поврзува со насилие, верска и етничка нетрпеливост, корупција и поделеност или во севкупност назадни процеси. Од тука е изведен и поимеот “balkanisation - балканизација“ кој се поврзува со поимеите за нетрпеливост на фракции во некој збир. Не е случајно поимот Балкан што се поврзува со поимот “балканско буре барут“. Јас сето ова го нарекувам “Балканска тиња“ во која сме заглавени заради нашето минато - но веројатно и заради нашите гени. Пред малку гледав една ТВ сторија за едно турско црноморско село познато по своите големи носеви. Сега таму модерно било да се прават пластични операции на носевите - но гените работат и децата повторно се со долги носеви. Пренесено во нашиот случај со балканските држави и балканските народи а отука и со нашата држава џабе Европа не лечи со нивни закони и обичаи и не тера пред да се здружиме да се прилагодиме на нивните стандарди - нас гените не влечат кон хаотичност и неединственост и се што поимот балканизација негативно носи, онакака како современиот свет сега ги чита нашите пораки, гледајки ги нашите сегашни постапки.   

Wednesday, March 01, 2017

Граѓанскиот протест е уставно право ... Централно - Локално - Власт/Опозиција ... Златни кокошки

Протестираше опозицијата и граѓанскиот сектор во неколку наврати во блиското минато. Сега под притисок на најавата на формирање на ново владино мнозинство (централна власт) протестираат граѓаните кои се обединуваат околу платформа/и кои се инструирани од македонската десница. И минатите протести и сегашните имаат сличности но и различности. Сличностите се во тоа дека за да се организира протест мора да има финасиска поткрепа од некого. Протестите на граѓанската левица беа осмислени - нивната организација одеше со партиска логистика за да подоцна премине преку разни невладини организации и граѓански здруженија. На протестите на левицата многу срамежливо се приклучиа студентски организации. Власта уште тогаш обвини дека сето тоа беше инструирано и финасирано од разни странски центри, преку званичните грантови од некои западни демократии но најголемиот дел од парите влегуваа преку Соросовата фондација и Усаид програмата. Грантови делеа и холандската амбасада на пример и некои други побогати држави се со цел на подигање на свеста за остварување на граѓанските слободи и права. Веројатно имаше и кеш донации за специјални цели - кои секојпат пристигаат преку странските служби кои работат на свои специфични сценарија. На протестите оние минатите со своја подршка настапуваа и локалните самоуправи од поголемите градови кои беа контролирани од левицата. Така осем во Скопје имавме голема подршка од градовите како Куманово и Струмица.

Она што сега се случува во сегашните протести може да се види дека МК десница луташе како да најде платформа за организирање на протести од своите подржувачи а да тоа биде во модерен стил и со модерни демократски средства. Брзо увидоа дека директно организирање на протестите од главната десно орјентирана партија која ја контролираше до сега централната власт и сите институции не им носи подршка и симпатии од светските центри на демократијата. Се чини дека сега се на прав пат да најдоат минимална платформа но и начин како да ги организираат сегашните протести. Во Скопје како најголем МК град се случуваат и најголемите протести со слични сценарија овојпат инструирани од главната десничарска МК партија. Финасирањето на сегашните протести (бидејки без пари нема музика) се од центрите кои убаво се нафатираа со пари од десетгодишното неконтролирано владение со МК институции. Во последните два дена се ископира сценариото од минатите протести па се организираа протеси на локално ниво во поголемите градови какде локалната власт ја има МК десница. Се организираат протести во Охрид, Штип, Прилеп, Битола и Кичево. Очигледно е дека освојувањето на локалната власт е многу важна алатка за секоја посериозна партија која атакува на избори за да добие власт. Локалните самоуправи лесно наоѓаат начини како да финансиски помогнат а особено како организациски да помогнат на некоја нова невладина организација и здружение. На новите протести се приклучуваат интелектуалците кои се блики до МК десница но и мегафоните кои ги гледаме низ медиумите блиски до десницата. Дека и овие протести се централно организирани се гледа од тоа дека главните организатори секојпат читаат од ливче (она што некој им го напишал) а не говорат од своја глава. И тука има сличности со минатите протести организирани главно од МК левица.

Очито е дека МК десница полека се спрема да дејствува како опозиција постепено привикнувајки се во улогата на опозиција во едно општество. Дотука се е нормално во демократската лепеза на делување на партиите и граѓанските здруженија. Веројатно драматично ке осеќаме потреси додека не се смени централната власт и во тој период се и најголемите ризици од неконтролирани немири - особено ако левицата сега пак се одлучи на нивни контрапротести на овие протести ... еве да речеме налутени од повторно некој неконтролиран потег на председателот (п со мала буква) ни, кај кого деновиве е повторно жешкиот костен... Највеќе сите ке не заболи ако дојде до обрачуни каде ке се употребуваат недемократски средства на насилие со употреба на огнени средства. Не е вредна загубата на ниту еден живот за да тоа донесе некого на власт. Не сум сигурен дека во финасирањето и на овие најнови протести не се вклучат и странски центри организирани преку нивните служби. Ваквите странски цетри за да водата е што поматна финасираат на двете страни ... странските служби секојпат знаат да искористат вакви матни ситуации за остварување на своите стратешки цели. Нивните стратешки цели се територија и пари. Странските финасиски центри обилно не кредитираат и брзо ке дојде време кога пак ке мораме да продаваме златни кокошки. Такви малку останаа, остана само МК електрани и земјиштето сеедно дали е градежно или земјоделско. Брозо ке слушнеме кои се други природни ресурси се веќе продадени - рудни/минерални богатства и извори на вода. Грците ги тераат да си ги продаваат островите - нас ке не тераат да ги продаваме неколкуте преостанати златни кокошки.

Да не заборавам оние кои криминално се офајдија во минатото десетлетие порано или подоцна ке си лежат.

Blog Archive

Site Meter