Сите
очекуваме да ја дознаеме тактиката и наредните чекори на меѓународната заедница во однос на ново
настанатата политичка ситуација во нашата држава. Што би рекол нашиот сегашнен Председател
на РМ, дека тој има начини да дознае се` што се случува во нашата држава и
одтаму може да предложи мерки во рамките на своите надлежности да се справи со
заканите по демократските процеси во нашата држава. Ако Претседателот Иванов
има начин да дознае се – таква можност да дознаат се што се случува во нашата
држава имаат сите земји на кои Председателот Иванов им пиша писмо. Кај нас
прислушуваните разговори се прогласија за невалидни докази во судските постапки,
бидејки до нив се дошло по нелегален пат – тоа не ги обврзува странските
дипломати да ги преслушаат разговорите со предходно испитување дали се сечени
лепени и монтирани и од нив да створат слика за наштите представници на
највисоките државни институции. Нивната најнова досегашна дипломатска реакција
беше содржена во апелите кон Иванов да се премисли и да не ги кочи
демократските процеси. Пратија и специјални представници кои додатно ги
убедуваат политичките чинители во нашата држава дека незамисливо е кочењето на
демократските процеси.
Кои би биле
натамошните чекори на нашите стратешки партнери ЕУ и САД? Тие ке почекаат уште
некој ден и кога ке видат дека апелите не вродуваат со плод ке поминат кон
изолација, исто како што се поставува према одредени подрачја во кои ке се
прогласи епидемија. Прашање е дали ке одат во изолација на поединците кои ги
кочат демократските процеси (носителите на заразата) или изолација кон нас како
граѓани. Кои ке бидат конкретните мерки за изолација према поединци од нашата
држава или према целата држава ке разбереме деновиве.
Некои од
актуелните политичари се веќе изолирани. Денеска на пример разбрав дека
партијата ВМРО-ДПМНЕ не е поканета на последната средба на народните европски
партии. Досега со особена гордост лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даваше изјави за што се
договарале при средбите на ЕПП (EPP European People`s Party ) и дека од ИПП добива подршка за
своите политики.
No comments:
Post a Comment