Нашата
држава е во срцето на балканскиот географски предел, јужно од Сава и Дунав се
до Босфор. Етимошки гледано името Балкан е поврзано со навлегувањето на Турците
на овие простори и најчессто се поврзува со турскиот збоор „Balkan“ што во
превод значи „ланец на планински шуми“. Некои теории турскиот назив за „Balkan“
го врзуваат со кованица на турските зборови „бал“-мед и „кан“-крв. Некои други умни
глави синонимот Балкан го врзуваат со старо италијанскиот бог Вулкан - Vulcanus (богот на
огинот). Пред турската инвазија и создавањето на Отоманската Империја,
Балканот во грчките и римските извори е наречен „полуостров Хема (Hema)“,
а балканскиот планинскиот венец – „Планини Хем“. Во грчката митологија, тракиски крал
Хем е син на Бореас (Бореј) – северниот ветер. Тој е суетен,
арогантен и себе си и својата жена Родопа ги споредил со Зевс и Хера. За
казна, боговите го претвориле брачниот пар во планини. Во грчките легенди планините се нарекуваат Хем по битката на Зевс со змијата Тифон. Во борбата со змијата која фрлала цели планини Зевс се бранел со своите молњи. Во жарот на борбата од планините потекнала крв која на грчки се изговара како “хем“ и одтогаш планините станале “крвави“ т.е. “хемски“. Ако погледнеме
во бугарските теории за етимологијата на називот Балкан ке дознаеме дека тие
коренот на зборот го врзуваат со келтско потекло - изведено од зборовите бал (х) кан
што во превод би значело големата мајка. Во поновата западна терминологија - кога ке се слушне зборот Балкан тој се поврзува со насилие, верска и етничка
нетрпеливост, корупција и поделеност или во севкупност назадни процеси. Од тука
е изведен и поимеот “balkanisation - балканизација“
кој се поврзува со поимеите за нетрпеливост на фракции во некој збир. Не е
случајно поимот Балкан што се поврзува со поимот “балканско буре барут“. Јас
сето ова го нарекувам “Балканска тиња“ во која сме заглавени заради нашето
минато - но веројатно и заради нашите гени. Пред малку гледав една ТВ сторија
за едно турско црноморско село познато по своите големи носеви. Сега таму модерно
било да се прават пластични операции на носевите - но гените работат и децата повторно се со долги носеви. Пренесено во нашиот случај со балканските држави и
балканските народи а отука и со нашата држава џабе Европа не лечи со нивни
закони и обичаи и не тера пред да се здружиме да се прилагодиме на нивните
стандарди - нас гените не влечат кон хаотичност и неединственост и се што поимот
балканизација негативно носи, онакака како современиот свет сега ги чита
нашите пораки, гледајки ги нашите сегашни постапки.
Search This Blog
Thursday, March 02, 2017
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2017
(36)
-
▼
March
(10)
- Парламентарно reality show
- Чуварите на тронот
- СамоСпотер
- Македонски Лавови ... Чиста Македонија
- Балкан - На линија на огнот - Две балкански држави...
- Изолација
- Македонска крвава свадба.
- Заканите врз најновите демократските процеси стана...
- Балканска тиња ... гените ни се криви
- Граѓанскиот протест е уставно право ... Централно ...
-
▼
March
(10)
No comments:
Post a Comment