Не гледам реалити шоу програми – бидејки тоа доведува до
затупување на мојот ум. Во сите реалити шоуа има минимум правила, казните се
парични или на крај има исклучувања од реалити играта. Во нашиот случај ние сме
први во светот (ете за нешто сме први) - воведуваме во собранието реалити шоу
од свечена седница на собранието кога се
бира Председател на собранието, протоколарно втор човек во државата. Првата
седница тече со едно правило НЕМА ПРАВИЛА. Целта на инспираторот и
организаторот на ова реалити шоу е да тече време во бескрај за да во лимбо
ситуацијата кога водата е матна крупните риби некако се спасат. Но им нема лек
особено не на крупните риби - тие први ке се фатат во изолационата мрежа која
другите свесни и поголеми држави веќе ја поставуваат околу нас. Ако е ваква
првата седница тогаш такви ке бидат сите наредни. Ни нема лек – ние не
заслужуваме држава, немаме капацитет за тоа. Следува да се организираме во
банди, да се испотепаме за да ја исчистиме оваа преубава територија што се вика
Македонија. Тоа веројатно и следи. За да светот се спаси од ваква ЗАРАЗА ке
мора да не ИЗОЛИРА и да најде начин поглавиците на бандите (клитоносците на
заразата) и нивните главни помошници ги донесе пред меѓународен суд и им
пресуди во правна процедура. Ние за тоа не сме способни и немаме капацитет за
тоа.
Search This Blog
Thursday, March 30, 2017
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2017
(36)
-
▼
March
(10)
- Парламентарно reality show
- Чуварите на тронот
- СамоСпотер
- Македонски Лавови ... Чиста Македонија
- Балкан - На линија на огнот - Две балкански држави...
- Изолација
- Македонска крвава свадба.
- Заканите врз најновите демократските процеси стана...
- Балканска тиња ... гените ни се криви
- Граѓанскиот протест е уставно право ... Централно ...
-
▼
March
(10)
No comments:
Post a Comment