Македонија не е монархија – но елементи на монархија гледаме
во начинот на уредувањето на политичките партии, кои во своите статути имаат
зацртано монархија (султан партии) наместо демократија во која се “колнат“.
На продолжетокот на конститутивната седница на новото
парламентарно Собрание каде се бие собраниска битка (со дозвлолени собраниски
методи, трикови и подметнувања) меѓу старата власт која сеуште ги држи сите
полуги на власта (сосе државната каса) и најавеното ново парламентарно
мнозинство кај најголемата партија која себе си се нарекува победничка на
последните избори (поради најголемиот број на парламентарни мандати/столчиња) ПРВОТО
СТОЛЧЕ каде седат избраниците на досегашната власт е празно. Забележав дека
никој не смее ни да помисли да седне на него. Тронот (празното столче) е празен/о,
но ЧУВАРИТЕ НА ТРОНОТ ја одработуваат задачата која ја добиле од “монархот“
(кој ете баш сега има поважна задача – пошол да бара милост кај сестринските
партии, кои му имаат соопштено дека не го посакуваат во своето друштво за овој
како и за последниот предходен состанок каде не го ни планирале, ниту очекувале
– едноставно не сакат да се дружат повеќе со “монарх“ кој се представува за
лажен демократ/патриот и кој целиот народ од каде доаѓа го има заробено во
заробената држава од каде доаѓа).
Кои се чуварите на тронот, како се назначуваат и зошто
служат? Чуварите на тронот лично се поставуваат од “монархот“ на заробената
држава во квази демократските процеси кои се одвиваа како во партијата од каде
доаѓа “монархот“ така и во самата заробена држава. Тие таму не се ставаат затоа
што се “лични“ (што би рекла Гоца) – туку се поставаат за да послужат на целта
кога ке бидат потребни по сигнал од “монархот“ да завршат работа онака како ке
им дошепне оној кој таму ги поставил и назначил. Сеедно дали се тоа најдиректно
назначени од самиот “монарх“ или се индиректно поставени од избраниците на
монархот. Сите мора да се унисони и да ја пеат сложно песната која им е
одредена дека може и треба да ја пејат (затоа и сите говорници кои ги слушаме
не говорат од памет, туку најчесто читаат она што некој им го напишал). Значи
се што е министер, директор или било каков јавен службеник се до председателот(п
со мала буква) на државата ни, сите назначени судии и сите добро платени
новинари мора да слушаат команда од еден центар назначен од “монархот“. Колку
ли се само назначени (и добро платени) разноразни таканаречени независни
државни тела и комисии (се бројат сигурно со иљадници) кои додатно се наградени
за засилено да го чуваат тронот. Сите тие се педантно заведени во партијскиот
тевтер на Гоца со име презиме и сите генералии. Сите се имаат заколнато дека
верно ке му служат на “монархот“ кој сите нив ги плаќа од заедничката каса (не
од сво џеб) на сите нас во заробената држава. Е сега во заробената држава
неможе сите да работат кај “монархот“ и за “монархот“. Некои едноставно мораат
само да плаќаат за оние одбраните да лешперат и се перчат со лесно заработените
пари. Така доаѓаме до бројките 20 до 25 проценти од народот во нашата заробена
држава го имаат подјармено останатиот народ во истата заробена држава и го
работат како бавча со помош на вешто поставениот систем на “монархот“ кој во
секое време ги држи сите конци на лутките (поданиците) во заробената држава.
Кога ке секне/заврши сета оваа луда игра. Оној момент кога
некој ке му ја земе нашата заедничка каса на самопрогласениот “монарх“ од каде
сето ова се финасира и плаќа – во истиот тој момент ке престане сета оваа луда
игра во заробената држава. Ни мама на тате не дава за џабе.
Затоа немојте да се чудите на сите оние познати лица на интелектуалци,
уметници, спортисти и останати “загрижени грѓани од протестите“ кои сите на
своите изб(о)рани места гласно го бранат “тронот и монархот“. Тие само го слушаат
божјото правило дека раката што те храни и милува несмее да се сече/исуши.
No comments:
Post a Comment